Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шукова: Нов сомнителен коруптивен тендер во МВР за лиценца за возачки испити, завршил кај советник на ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Шукова: Нов сомнителен коруптивен тендер во МВР за лиценца за возачки испити, завршил кај советник на ВМРО-ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

Шукова: Нов сомнителен коруптивен тендер во МВР за лиценца за возачки испити, завршил кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено June 29, 2025 13:19
Сподели
Сподели

„Нов скандал во МВР е на повидок– нов случај на крајно сомнителен, коруптивен тендер којшто отвора сериозни прашања за злоупотреба на институциите за бизнис интереси и испумпување на парите на граѓаните, вели Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ и додава:

МВР, под раководство на министерот Панче Тошковски, доделил милионски тендер за лиценца за организирање на возачки испити во Пелагонискиот регион на новооснована фирма „Супер Возач“.

Зад оваа фирма стои функционер на ВМРО-ДПМНЕ и советник во советот на Општина Кичево, Филип Митрески. Преку фирмата „Стрит рајд“ којашто е сопственик на „Супер возач“.

Во пракса, ова значи дека МВР доделила монопол од 5 години врз доходовен бизнис вреден милиони денари – сите полагања на возачки испити во Битола, Прилеп и Ресен ќе одат преку оваа фирма блиска до власта.

Скандалот е уште поголем, затоа што фирмата е регистрирана само три месеци пред распишувањето на тендерот за прв пат.

Прашањето е дали однапред е договорена оваа милионска зделка?

Како знаел дека за неколку месеци ќе се распише тендер па функционерот од ВМРО-ДПМНЕ отворил фирма токму за ова намена?

Случајно? Не веруваме. Ова е пример за корупциски и тендерски шеми на ВМРО-ДПМНЕ. Партиски тендери по мерка на власта и ништо друго.

Ова не е прв случај. Напротив.

По скандалозниот тендер за униформите, ова е уште еден случај на сомнителен коруптивен тендер во МВР.

Основани се сомневањата дека МВР спроведува корупција во живо, наместо да се бори против криминалот и корупцијата.

Ова е моделот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Партиски и лични бизнис интереси врз грбот на народот.

Ова е огромен скандал кој мора да биде расчистен до крај и да има одговорност.

СДСМ бара Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори предмет и да постапи.

Основното јавно обвинителство да отвори предмет по допрен глас.

Институциите не може да бидат неми следачи туку мора да отворат постапки согласно своите надлежности.

Граѓаните заслужуваат институции што работат за нив, не за бизнисите на партиски советници.

Македонија не смее да стане плен на организиран партиски грабеж кој го прави ВМРО-ДПМНЕ.

Одговорност мора да има и ќе има!

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу
Следна Статија Пожар во Визбегово – огнот од дивата депонија стигна до првите куќи во населбата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски до ДУИ: Да не се надеваат на предвремени избори, на локалните ќе победи ВМРО

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска им порача на ДУИ дека „тоа така не оди“, кога во прашање е придобивање на гласови…

August 11, 2025
ПОЛИТИКА

Арсовски бара извинување од СДСМ: Немам никаква врска со сопствениците на фирмата „Дигитал оне“

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски ги отфрли обвинувањата на СДСМ за негова поврзаност со фирмата која добила тендери во…

November 30, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Од Бугарија се испраќаат различни сигнали, подготвени сме да разговараме

Бугарските политичари сакаат да ја вовлечат темата Македонија во нивната предизборна кампања. Многу пати сум кажал дека нема да бидеме…

October 5, 2024
ПОЛИТИКА

Тренчевска: Власта живее во паралелен свет, нема одговорност за трагедијата во Кочани

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во рамките на амандманската расправа истакна дека власта очигледно живее во некој паралелен свет, не…

July 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?