Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шукова од Карпош: Кејот на Вардар во Карпош ќе биде уреден, осветлен и функционален
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Шукова од Карпош: Кејот на Вардар во Карпош ќе биде уреден, осветлен и функционален
ПОЛИТИКА

Шукова од Карпош: Кејот на Вардар во Карпош ќе биде уреден, осветлен и функционален

Објавено August 23, 2025 16:28
Сподели
Сподели

Потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, заедно со кандидатката за градоначалничка на Општина Карпош, Маја Мојсова, одржаа средба со жителите на скопската населба Карпош, на која што се разговараше за нивните предлози за подобрување на условите за живот во оваа општина, а воедно и за кејот на Вардар во делот на општината Карпош, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое што МИА го пренесува интегрално.

Граѓаните реагираа дека овој дел од кејот на Вардар денес е комплетно запуштен, небезбеден и недостоен за жителите, и покрај ветувањата на градската власт во изминатите 4 години дека просторот ќе се уреди.

На средбата, Шукова посочи дека моменталната состојба на оваа локација е резултат на неодговорното владеење и незаинтересираноста на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо простор за одмор, рекреација и дружење, денес кејот покрај Вардар во Карпош е руина и мрак, небезбедно и запуштено место. Директен виновник се четирите години неодговорно и штетно владеење со Скопје на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Шукова пред присутните граѓани.

Притоа, Шукова потсети дека беа ветени 30 милиони денари за уредување и зазеленување на овој простор, но не е реализирано буквално ништо.

„Нема ништо, ниту патеки, ниту клупи, ниту осветлување, ниту парк, ниту спортски содржини. Кејот на Вардар, овде во Карпош, со Маја ќе го уредиме – ќе биде осветлен, безбеден, зелен и функционален“, рече Шукова.

На средбата со граѓаните, Шукова нагласи дека Скопје не смее да биде заложник на бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ,  Скопје може и заслужува поинаку, додаде Шукова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Перински: Владата финансираше околу 1200 проекти во различни области во сите општини низ цела Македонија
Следна Статија „Храброста на нашите колеги е пример за идните генерации“, порачаа од ЕБР на Денот на Единицата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Кирков: Неспособната Арсовска беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип

Данела Арсовска која е позната по негрижа за граѓаните, негрижа за народните пари, сега беше на праг да предизвика епидемија…

October 20, 2024
ПОЛИТИКА

Османи: Чаир има надеж за промена

Откако неговото име беше официјализирано како кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи утрово во 06:00 часот објави…

July 22, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ поднесе Закон за 600 евра минимална плата, од ВМРО-ДПМНЕ им вратија дека ако не краделе кога биле на власт платата веќе ќе била толку

СДСМ денес се одважи и напиша на хартија Предлог закон за минимална плата од 600 евра, за волја на вистината…

January 30, 2026
ПОЛИТИКА

Жерновски се засекира за рејтингот на ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ е во паника поради падот од 130.000 гласа, тврди амбасадорот Андреј Жерновски во пост на социјалните мрежи. -Не е…

August 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?