Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓоковиќ: Испишувањето историја за мене е голем мотив
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ѓоковиќ: Испишувањето историја за мене е голем мотив
СПОРТ

Ѓоковиќ: Испишувањето историја за мене е голем мотив

Објавено January 19, 2026 18:05
Сподели
Сподели

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (АТП-4) изјави дека испишувањето историја силно го мотивира на првиот овосезонски грен слем турнир Австралија Опен, што денеска го почна со победа од 3:0 во сетови над Шпанецот Педро Мартинез (АТП-71.).

За Ѓоковиќ ова е јубилејна 100. победа на Австралија Опен во кариерата.

-Што да кажам, ми се допаѓа како звучи – „сентурион“. Навистина убаво чувство, рече 24-кратниот грен слем шампион, по стартната победа во Мелбурн.

Триесетиосумгодишниот Ѓоковиќ сега има скор од 100 победи на 110 натпревари на Австралија Опен, каде што освои рекордни 10 титули. Тој зад себе има 102 победи на Вимблдон и 101 на Ролан Гарос.

Сепак, главната цел на Ѓоковиќ е да оствари шест победи во следните две недели во Мелбурн, што би му го донело 25 грен слем трофеј и статусот на најодликуван тенисер на сите времиња.

Со својот 21. настап на Австралија Опен, Ѓоковиќ го израмни рекордот на турнирот што претходно го држеше Швајцарецот Роџер Федерер. Воедно, Ѓоковиќ денеска го почна настапот на својот 81 грен слем турнир во кариерата, со што израмни уште еден рекорд што Федерер го дели со Фелисијано Лопез.

„Испишувањето историја е голема мотивација“, рече Ѓоковиќ, кој во второто коло ќе игра против Италијанецот Франческо Маестрели (АТП – 141.)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Д-р Зафировски: Со новиот закон, државата испраќа јасна порака дека јавното здравје е приоритет
Следна Статија Во Истанбул запленети приближно три милиони наркотични таблети

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Фудбалерите подготвени за победа над Казахстан

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува настапите во квалификациите за Светското првенство 2026 година. „Црвено-жолтите“ по ремито со Белгија во петокот…

June 9, 2025
СПОРТ

Иџе трет во група 1 во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки

Игор Стефановски – Иџе изминатиот викенд во Бузет, Хрватска, ја возеше својата 200-та трка во кариерата и ја заврши сезоната…

September 22, 2025
СПОРТ

Хари Кејн со хет-трик го „распарчи“ Лајпциг, Баерн стартува со спектакуларна победа (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн беа повеќе од убедливи на отворањето на новата сезона во Бундеслигата. Актуелниот шампион на Германија го пречека…

August 23, 2025
СПОРТ

Средба на министерот Борко Ристовски со претседателот на ФФМ: Фудбалот е јавен интерес и мора да помогнеме обезбедувајќи правичност и раст на сите нивоа

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска оствари средба со претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ на која се разговараше за иницијативата…

January 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?