Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓоковиќ: Најдобриот и најлошиот момент во кариерата ми се случија на ОИ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ѓоковиќ: Најдобриот и најлошиот момент во кариерата ми се случија на ОИ
СПОРТ

Ѓоковиќ: Најдобриот и најлошиот момент во кариерата ми се случија на ОИ

Објавено August 27, 2025 10:33
Сподели
Сподели

Во интервју со Џеј Шети на Јутјуб, Новак Ѓоковиќ го откри најдобриот и најлошиот момент во неговата кариера. И двата се случиле на Олимписките игри.

„Најдобриот беше кога го освоив златниот медал во Париз минатата година. Дури и подобар од освојувањето на Дејвис купот и освојувањето на првиот Вимблдон затоа што знаев дека може да биде мојата последна шанса. Најлошиот беше во Рио де Жанеиро 2016 година, кога загубив од Хуан Мартин дел Потро во првото коло. Беше многу емотивен меч, сите во публиката ме поддржуваа, бев на врвот на мојата кариера, ги освоив сите четири Гренд слем турнири по ред. Чувствував дека тоа е мојата шанса“, се сеќава Ѓоковиќ.

Во истото интервју, тој откри и што е најтешкото нешто во тенисот:

„Да го победиш Рафаел Надал на Ролан Гарос е најголемиот предизвик што постои во историјата на нашиот спорт. Рафа беше мојот најтежок противник од физички аспект. Битките со него беа неверојатни. Го одигравме најдолгото финале во историјата на Гренд слем турнирите, во Австралија, и се сеќавам кога дојдов во соблекувалната и се соблеков. Моите патики беа полни со крв. Не можев ни да одам. Но, нашите мечеви на земјена подлога беа уште потешки“, рече најдобриот тенисер на сите времиња.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лесковачка роштилијада или кавадаречки гроздобер? Пејачот Сиљановски го искритикува градоначалникот Јанчев, овој му врати: Дојди и кажи колку публика можеш да донесеш!
Следна Статија Мајките во Србија добиваат дополнителен стаж за мајчинство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Голем гест на Челзи: Премиите од 15 милиони фунти ќе ги донира за семејството за Жота

Фудбалскиот клуб Челзи одлучи да донира дел од бонусите освоени на Светското клупско првенство на семејствата на трагично починатиот Диого…

August 14, 2025
СПОРТ

Ракометарите на Вардар имаат нов тренер, доаѓа од Аргентина

Актуелниот селектор на Аргентина, Гиљермо Милано ќе седне на клупата на најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 и најмалку до…

October 30, 2024
СПОРТ

Анчелоти: Абрамович ми даде отказ зошто го сменив неговиот омилен играч

Карло Анчелоти откри како Роман Абрамович му го отежнал животот во Челси и зошто на крајот го остави без тренерската…

September 28, 2025

Клиперс триумфира над Трејл Блејзерс во убедлив натпревар

Доминантен настап на Клиперс резултира со убедлива победа против Трејл Блејзерс

December 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?