Новак Ѓоковиќ ја освои 100. АТП-титула во кариерата откако триумфираше на турнирот во Женева.
Два дена откако наполни 38 години, Ѓоковиќ го совлада Хуберт Хуркач во финалето со 5:7, 7:6, 7:6 по три часа и осум минути игра и стана само трет тенисер во историјата со троцифрен број титули.
Пред него се само Роже Федерер со 103 и рекордерот Џими Конорс со 109 титули.