Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓоко Ристов не бил присутен на претресот кога му беа најдени заѕиданите 350 илјади евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ѓоко Ристов не бил присутен на претресот кога му беа најдени заѕиданите 350 илјади евра
МАКЕДОНИЈА

Ѓоко Ристов не бил присутен на претресот кога му беа најдени заѕиданите 350 илјади евра

Објавено January 20, 2026 12:49
Сподели
Сподели

Од саботата попладне кога во Неготино во домот на родителите на Апелациониот судија Ѓоко Ристов зад ѕид од цигли и плочки беа најдени 350 илјади евра, никој не кажува каде е судијата и дали ќе се бара притвор за него. Се чека Обвинителството за гонење за организиран криминал и корупција да каже дали Ристов е обезбеден, откако поминаа повеќе од 24 часа од претресот и се поголеми се сомнежите и шпекулациите дека е надвор од земјава.

Последните информации од ОЈОГОКК се дека се продолжува со постапувањето и дека јавниот обвинител, деновиве ќе процени за мерките за обезбедување на присуство на судијата.

Од Судскиот совет пак има најави дека денеска ќе свикаат седница на која треба да се одлучува дали ќе му биде симнат имунитетот.

– Советот одлучува за одземање на имунитет на судија во случаи утврдени со закон, на седница на Советот со најмалку седум гласови на членовите на Советот со право на глас. Советот на седница одлучува со најмалку седум гласови од вкупниот број членовите на Советот со право на глас по барањето за одобрување на притвор на судија, односно по известувањето дека судијата е притворен. Постапката во која Советот одлучува за одземање на имунитет на судија е итна и се спроведува во рок 24 часа од доставеното барање, односно известувањето за притвор – се вели во Законот за судски совет.

Таму пак, пред да му бидат најдени парите имало претставка за наводно земено мито од обвинетиот Исмет Гури од ДУИ и анонимни известувања од вработени во Апелација, но нема никаква постапка против судијата во Судски совет. Нема информации од институциите дали Ристов бил повикан во полициска станица, а тоа што се молчи ги зголемува сомнежите за политички пазарења и влијанија со оглед на тоа што Ристов водеше и одлучуваше во предмети поврзани моќни бизнисмени и политичари за време на владеењето на двете најголеми партии.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мажот притворен во Минеаполис почина во притвор на ICE во Тексас
Следна Статија Дали репарираните конзоли за видео игри од Тему се легитимни?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР набавува 120 нови возила за речиси 4 милиони евра

Министерството за внатрешни работи набавува нови 120 возила за речиси 4 милиони евра, односно 239.068.000 денари. На веб-страницата за јавни…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Во фаза на имплементација е „паметен зелен бран“ на скопските булевари

Нема човек кој управува моторно возило во Скопје и кој не ги гледа придобивките од системот Безбеден град. Го нема…

February 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Најавеното опаѓање на температурите може да ги загрози земјоделските култури, посебно овошките

Најавеното значително опаѓање на температурите од недела може повторно да ги загрози земјоделските култури, посебно овошните дрвја поради можноста од…

April 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен

Регионалниот пат што води до селото Галичник не е прооден и по речиси еден месец од паѓањето на снегот во…

December 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?