Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓоргиевски за сообраќајниот хаос во Скопје: Имам јасна визија и план како чекор по чекор да се најде излез од оваа катастрофална состојба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓоргиевски за сообраќајниот хаос во Скопје: Имам јасна визија и план како чекор по чекор да се најде излез од оваа катастрофална состојба
ПОЛИТИКА

Ѓоргиевски за сообраќајниот хаос во Скопје: Имам јасна визија и план како чекор по чекор да се најде излез од оваа катастрофална состојба

Објавено September 12, 2025 10:08
Сподели
Сподели

Сообраќајниот хаос е проблем кој скопјани секојдневно го чувствуваат, од долгите колони и изгубеното време, до недостигот на паркинг и несредените улици. Решението нема да се случи преку ноќ, но имам јасна визија и план како чекор по чекор да се најде излез од оваа катастрофална состојба, вели кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓоргиевски, во интервју за „Нова Македонија“.

– Првиот чекор е активирање на закочените проекти за реконструкција и проширување на главните булевари, крстосници и изградба на нови сообраќајници за подобра поврзаност меѓу населбите. Особено ќе се вложи во изградба на нови кружни текови и мостови, меѓу кои и новороектираниот, кој ќе ги поврзува Ново Лисиче кај последна петка и општина Гази Баба и улицата Перо Наков, а ќе бидат ставени во функција и мостот во близина на салата на МЗТ Скопје кој го поврзува Булеварот АСНОМ во Општина Аеродром со булеварот Александар Македонски, како и мостот на Љубљанска во општина Карпош кој ги поврзува Карпош IV со локалитетот Скупи како и со населените места Бардовци и Злокуќани. Врвен приоритет ќе биде пуштањето во употреба на подземниот булевар Македонија, под Лимак, и изградбата на трите кружни текови на излезот и влезот на оваа клучна сообраќајница за главниот град. Второ, паркирањето мора да излезе од хаосот во кој се наоѓа денес. Затоа планирам изградба на катни гаражи на повеќе клучни локации за да го ослободиме јавниот простор и да донесеме ред во централното градско подрачје и населбите – изјави Ѓоргиевски.

Секако, додава тој, вистинските и одржливи решенија се раѓаат кога ќе се вклучи и гласот на самите граѓани.

– Јас во целиот овој период сум во директна комуникација со жителите од различни делови на градот, и токму тие најдобро знаат каде сообраќајот се „гуши“, каде недостига пешачки премин, каде е неопходна нова улица или паркинг. Тоа се практични предлози што луѓето ги нудат затоа што секојдневно се соочуваат со тие проблеми, и тие решенија заслужуваат да бидат преточени во реални проекти. Никој подобро од граѓаните не го познава сопствениот маалски проблем и затоа нашата стратегија е тие идеи да се слушнат, да се дообмислат со стручни тимови и да станат дел од конкретни мерки што ќе ја олеснат секојдневната мобилност. Затоа планираме изградба на катни гаражи на критичните локации, особено околу болниците, училиштата и централните урбани зони каде хаосот со паркирањето е секојдневие. Паралелно, ќе се отвораат нови паркинг-простори на досега неискористени локации, по моделот што веќе го применивме во Кисела Вода, каде од депонии создадовме уредени паркиралишта. Ќе се ревидираат сообраќајните решенија на најкритичните крстосници, ќе се отвораат нови пристапни улици и врски меѓу населбите, за да се намали метежот и луѓето побрзо да стигнуваат до својата дестинација. Сето ова, во комбинација со нови пешачки и велосипедски патеки, ќе создаде порамномерна и побезбедна распределба на сообраќајот. Со јасна стратегија, нови инвестиции и вистинско партнерство со граѓаните, можеме Скопје да го претвориме во град со современ, безбеден и ефикасен сообраќаен систем кој ќе одговара на потребите на денешницата – објаснува Ѓоргиевски.

Во поглед на загадувањето на воздухот во зимскиот период, тој најавува конкретни чекори кои ќе донесат видливи реултати.

– Првиот и најзначаен чекор е воведување мерки за поголема контрола и надзор врз индустријата и загадувачите, со строги санкции за непочитување на еколошките стандарди. Истовремено, ќе се развива систем за редовно мерење на квалитетот на воздухот на повеќе локации низ градот, како што веќе го направивме во Кисела Вода, што овозможува точни и навремени податоци за преземање на конкретни мерки. Како следен чекор е трансформирањето на големите депонии како што е депонијата Вардариште во модерни паркови, простор за рекреација, спорт и одмор за сите генерации. Зелените површини се столб во борбата против загадувањето. Планирам садење на дрвореди покрај сообраќајниците, како и проширување на постоечките паркови. Зеленилото не само што го прочистува воздухот, туку создава и квалитетно живеалиште за граѓаните, простори за рекреација и одмор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЗА ТЕНДЕРИТЕ ЌЕ ОДЛУЧУВА НЕПОТКУПЛИВАТА ДИЕЛА: Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција
Следна Статија Мицкоски: Покажавме и докажавме дека умееме да ги водиме општините без ниту еден скандал и со многу работа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Јорданов прогласи победа во Штип: Испишавме историја за нашиот град

Актуелниот градоначалник на Штип и кандидат за нов мандат од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Иван Јорданов прогласи победа. -Штип направи вистински…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче вели дека СДСМ веќе се кренал на нозе

Претседателот на СДСМ е задоволен од развојот во партијата и вели дека таа по изборниот пораз веќе се кренала на…

December 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

„Изиџет“ од јули ќе лета директно од Скопје до Бодрум

Нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“ (EasyJet) од следната година воведува нова сезонска авиолинија која директно ќе ги поврзува Скопје и Бодрум, пренесува…

December 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Професорката Алексиќ направи „чиста споредба“ меѓу Скопје и Белград

Татјана Алексиќ, професорка по македонски јазик и литература во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“, секогаш е гласна за општествените проблеми. Така…

September 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?