Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорческа победничка на турнирот во Слобозија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ѓорческа победничка на турнирот во Слобозија
СПОРТ

Ѓорческа победничка на турнирот во Слобозија

Објавено September 6, 2025 18:38
Сподели
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа триумфираше на турнирот во романскиот град Слобозија што се играше за награден фонд од 40.000 долари. Таа во финалето ја совлада домашната тенисерка Елена Бертеа со 2-1 во сетови (3:6; 6:3 и 6:4) за 2 часа и 15 минути игра.

Во првиот сет до резултатот 3:3 во гемови немаше брејк, а потоа домашната тенисерка со два брејка го освои сетот и поведе со 1-0 во сетови. Во вториот сет Бертеа водеше со 3:1 во гемови, но тука почнува пресвртот на Лина Ѓорческа која освои пет гема во низа и го доби сетот со 6:3 во гемови и изедначи на 1-1 во сетови.

Во решавачкиот сет македонската тенисерка поведе со 4:2, но Бертеа изедначи на 4:4. Сепак Ѓорческа успеа да ги добие следните два гема и го доби сетот со 6:4 за конечни 2-1 во сетови.

Ова за Ѓорческа е вкупно 15.та титула во поединечна конкуренција, а го играше 39.то финале. Лина има и 47.титули во конкуренција на двојки.

За победата на турнирот во Слобозија, Ѓорческа освои 50 поени и ќе напредува на ВТА листата. Лина следната недела ја очекува настап на турнир во Букурешт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Меџити: Испратен е Инспекторатот на „Вардариште“
Следна Статија Јужна Кореја бесна поради рацијата во фабриката на Хјундаи во Америка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

Данскиот судија Јеспер Мадсен вчера се онесвести на паркетот во „Веспрем Арена“ во Унгарија, во тек на мечот од Лигата…

February 21, 2025
СПОРТ

(ВИДЕО) Наместо минута молк за жртвите од Кочани, навивачите на Шкендија пееја песна за УЧК

На натпреварот меѓу Шкендија и Брера во рамките од 25. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) се случи скандалозен…

March 31, 2025
СПОРТ

Комо ќе треба да ја напушти оваа убавина

Клубот Комо сезонава е дел од Серија А.  Играат добро но се последни на табелата. Сепак тие имаат многу симпатии…

February 6, 2025
СПОРТ

(ФОТО) Душко Тошиќ од трошната куќа во која израсна изгради дворец

Фудбалерот Душко Тошиќ и покрај успехот и луксузот никогаш не заборави од каде доаѓа, па го реновира својот семеен дом…

October 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?