Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: БРТ и градски воз – проекти за решање на јавниот превоз и сообраќајниот хаос во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски: БРТ и градски воз – проекти за решање на јавниот превоз и сообраќајниот хаос во Скопје
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: БРТ и градски воз – проекти за решање на јавниот превоз и сообраќајниот хаос во Скопје

Објавено October 15, 2025 19:38
Сподели
Сподели

Kандидатот за градоначалник на Град Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, гостуваше во дебатната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, пришто им порача на граѓаните дека функцијата градоначалник на Град Скопје ќе ја извршува транспарентно, со преземање на чекори исклучиво во насока на заштита на интересот на граѓаните.

За 72 часа, мојот план е да целата механизација од градот Скопје, соработка со општините, но и бизнис заедницата односно општествено одговорни компании и граѓаните сами, да започнеме една темелна активност којашто сум убеден дека за 72 часа ќе завршиме, да го дадеме сјајот на Скопје“, рече Ѓорѓиевски.

Тој се осврна и на решенијата кои тој ги нуди во неговата програма, а се во насока на решавање на проблемот со јавниот превоз и сообраќајниот хаос во градот, при што ги посочи и два проекти како решение за надминување на овие проблеми и тоа градскиот воз и БРТ проектот кој во неговата програма е ревидиран согласно недостатоците во претходно замислениот проект.

Сум споменувал за одредени недостатоци, а тоа е линијата према Радишани којашто недостасува во проектот и линијата којашто не го опфаќа Драчево, треба брзо да делуваме да ги отстраниме тие недостатоци и да влеземе во реализација, но тоа не го решава целосно проблемот, нас ни недостасуваат автобуси и нас ни недостасува реализација на она што го започнува Министерството за транспорт, а тоа е воз“, рече Ѓорѓиевски.

Тој дополни како е замислено да функционира проектот градски воз во Скопје.

Надоградба ќе има, во 3 фази е. Првата фаза е поврзувањето и модернизација на пругата Зелениково-Ѓорче Петров, по истата траса. Втората фаза е опфат до Аеродром- Петровец преку Миладиновци и дополнително еден крак којшто ќе води до Карпош. Тоа е инвестиција од Министерството за транспорт, која што логистички ќе ја поддржиме ние целосно како Град Скопје и ќе се приклучиме во реализација на проектот. Суштината е дека ние на граѓаните мораме да им дадеме ефикасни алтернативи надвор од возилата коишто ги користат. Нам не ни е доволно само со автобуски превоз за да го решиме хаосот којшто владее во Скопје години наназад, метро е прескапа инвестиција и не можеме да си го дозволиме тоа. Трасата ќе се користи којашто во минатото се користела до Стара Железничка станица така што апсолутно изводливо е, по ГУП тоа се целосно празни траси коишто ќе може да се употребат за истото“, заврши Ѓорѓиевски.

На крај Ѓорѓиевски ги повика граѓаните да излезат и да гласаат во недела, да му ја дадат поддршката за неговиот избор да биде финализиран уште во недела, за да се започне со решавање на проблемите во Град Скопје час поскоро.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Државата очекува јасна посветеност од ЕУ, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните
Следна Статија Сиљановска-Давкова: Вистинското слепило не е во очите, туку во нечувствителноста на срцето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Успеа да ги обедини и двете страни: Најпосакуваниот кандидат на СДСМ за градоначалник Ралев го поддржа Орце Ѓорѓиевски

Кандидатот за градоначланик на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски објави дека архитектот и професор Мишко Ралев станува дел од…

August 1, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски вети дека за 72 часа Скопје ќе блесне

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ја одржа својата прва прес-конференција од почетокот на кампањата за локалните…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски покажува дека „новото“ раководство на СДС се сведува на група блиски до Заев

Очигледно е дека нема граница која Венко Филипче нема да ја помине за да ги задоволи апетитите и агендата на…

December 22, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова: Образованието е иднината, имаме план за финансиски стабилни училишта, мотивирани наставници и современи програми за учениците

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија одржа трибина посветена на образованието, како еден од најважните приоритети за развој на Град Скопје и…

September 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?