Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток, изградбата продолжува со забрзано темпо
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ѓорѓиевски: Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток, изградбата продолжува со забрзано темпо
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток, изградбата продолжува со забрзано темпо

Објавено November 25, 2025 16:53
Сподели
Сподели

Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток, изградбата продолжува со забрзано темпо, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

По неколкумесечен застој, повторно се работи на една од најстратегиските сообраќајни точки во Скопје, место каде што се спојуваат неколку клучни градски правци.

Во тек е изградбата на атмосферска канализација Ф1200 на булевар „Никола Карев“ во должина од 550 метри, од мостот на Серава до булевар „Словенија“.

Паралелно, се гради и новиот мост на Серава на истиот булевар, кој ќе премостува три ленти во еден правец и четири во друг, со вкупна ширина од 44 метри.

Се подготвува и натпатникот на булевар „8 Септември“, долг 43,5 метри, кој ќе го премости булевар „Никола Карев“ и ќе ја поврзе кружната крстосница со турбо кружен тек, многу важна алка во целото решение.

Имено, досега изградбата се одвиваше во сложени услови поради густиот сообраќај и поради нерешени имотно-правни односи.

Но, процесите се деблокираат и динамиката конечно се забрзува.

Наскоро, овој сообраќаен јазол ќе донесе сериозно олеснување за илјадници граѓани – побрз проток, помал метеж и модерен приод кон Скопје.

Градот чекори напред.

Заедно, Скопје ќе го направиме повторно горд град!, пишува Ѓорѓиевски во својата објава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Радев: Крајно време е Македонија да започне со гонење за нападите врз Бугарите
Следна Статија Следното рочиште за „Пулс“ на втори декември

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел: во фокусот понатамошната интеграција на регионот

Имплементацијата на Планот за раст на Западниот Балкан, напорите за регионална интеграција, како и можностите за натамошно унапредување на постепената…

December 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Верниците денес го слават вториот ден од Велигден

Верниците денеска го слават вториот ден од големиот христијански празник Велигден. Бидејќи Велигден се слави три дена, Велигденскиот понеделник или наречен…

April 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека по добиена пријава на бројот за итни повици 112, поради врнежи од…

January 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми

Министерството за образование и наука реагира на прес конференцијата на политичката партија СДСМ од каде со истите, препишани лански соопштенија…

September 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?