Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: Екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ѓорѓиевски: Екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот

Објавено January 21, 2026 10:23
Сподели
Сподели

Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Екипите на Град Скопје уште од раните утрински часови се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на улиците и булеварите под градска надлежност, со 24-часовна активност и координација на кризниот штаб, информираат од Град Скопје.

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски потенцира дека од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на градот.

– Снегот не е изненадување во зима  – подготвеноста е наша обврска! Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на градот. Со цел навремена и ефикасна реакција, кризниот штаб е активиран 24 часа дневно, со континуирано следење и детектирање на сите клучни и критични точки, напиша Ѓеорѓиевски на социјалните мрежи.

Безбедноста на граѓаните, посочува градоначалникот, е наш приоритет и затоа, апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, да ги почитуваат сообраќајните правила и да ја прилагодат брзината и начинот на возење на зимските услови.

-Со одговорност, навремена акција и заедничка грижа – Скопје се движи безбедно и во зима, наведува Ѓеорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Google часовник 8.5: Нова функција за отфрлање аларми со влечење
Следна Статија Тужба против новите препораки за вакцинација на деца на РФК Џуниор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Минчев: 40 проценти од административците – или ништо не работат, или бараат начин како да не дојдат на работа

Министерот за јавна администрација, Горан  Минчев, денеска ги презентираше клучните резултати и реформски потези. Тие според него  ја поставиле основата…

July 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бура од реакции за пресуда со смртен исход: Ако сте ја искубале Шеќеринска – 4 години затвор, ако сте одзеле живот на пешачки – 2 години затвор

Бурни реакции во јавноста по вчера објавената пресуда се возачот кој прегази млада девојка на пешачки премин во Тетово. Основниот…

April 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Собранието в среда ќе гласа за предлогот Трајко Славески да биде нов гувернер

Во среда, 28 мај, ќе се одржи седницата за избор на гувернер на Народната банка (НБРМ). Според информациите објавени на…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на пм₁₀ честичките, се вели во Извештајот на Министерството за животна средина

Просечните концентрации на PM₁₀ честички во Трубарево се во рамките на дозволените граници, покажува Извештајот од индикативни мерења на квалитетот…

September 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?