Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто

Објавено October 29, 2025 08:29
Сподели
Сподели

Кандидатот за градоначалник на град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски потенцираше дека ветувањето за чисто Скопје во рок од 72 часа е реално и остварливо. Тој ги повика граѓаните во недела масовно да излезат на гласање и да го дадат својот гласа за него, бидејќи како што кажа на Скопје веќе не му се потребни експерименти туку работа.

Јас стојам зад тоа што сум го ветил дека градот може за 72 часа да биде чист, убеден сум дека 117 камиони има, а само 17 се исправни, 46 има метлачки и камиони за перење на улици, а само 6 се исправни, имам добар план и визија како ќе го направам тоа, рече Ѓорѓиевски во дебатата со кандидатот за градоначалник на Левица, Амар Мециновиќ.

Освен градските и општинските власти, Ѓорѓиевски рече дека и граѓаните и општествено одговорните компании ќе помогнат во овој процес.

Одговорно тврдам со општествено одговорни компании со помош на нашите колеги не само во Скопје, туку надвор од Скопје, добро ќе биде исчистен градот не само на микролокациите туку секаде, и конечно исто така после долги години за прв пат ќе ги испереме улиците, рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски меѓу другото потенцираше дека како градоначалник на Кисела Вода, локалната самоуправа спречила изградба на 99 згради во Расадник.

ДУП-от нема да се носи на начин на којшто планираа да се носи да се изградат 99 згради, ако е болката таму поради тоа што нема 99 згради додека не бидам градоначалник, ќе биде и понатаму тоа болка затоа што нема да има урбанизација и бетонизација како што тие планираа да има, истакна Ѓорѓиевски.

Говорејќи за хигиената, тој дополни дека без оглед на тоа што надлежните институции не ја работеле својата работа, од 3 ноември сликата ќе биде поинаква.

Што се однесува на микролокациите тоа е работа и надлежност на Комунална хигиена, додаде тој, но истакна дека тоа ќе биде решено со реорганизација на комуналната хигиена.

Мециновиќ на дебатата потврди дека нема завршено високо образование за политиколог.

Вие се претставувате во јавноста цел изминат период како тој во кој што треба да се идентификуваат младите, човекот којшто е високообразован, па вечерва дознаваме дека немате високо образование тоа е првата работа, втората работа дека сте дете на транзицијата, понатаму вие алудирате на тоа дека сте дете на транзицијата но вашите двајца родители работат во државни институции целиот свој живот, така што и тоа што го кажувате не кореспондира со реалноста, рече Ѓорѓиевски.

Во дебатата Ѓорѓиевски посочи дека Левица е во коалиција со ДУИ, прикажувајќи и фотографии на кои се гледа како заедно се фотографирани кандидатот на Левица со кандидатот за градоначалник на Тетово од ДУИ, со што се потврдува нивната соработка.

Она што се говори во јавноста, а има потврди за тоа, од ДУИ кандидатот за градоначалник на Тетово заедно со вашиот кандидат кои што седат после изборите но и еден пратеник сликан во Собранието имаше заедно со претставник од ДУИ, тоа јасно говори во која насока се движат процесите, рече Ѓорѓиевски.

Тој потенцираше дека уште од првиот круг е јасна поддршката која Левица ја имала од ДУИ.

А ако се види состојбата по избирачки места тоа е многу едноставно и гласањето од првиот круг, јасно се доаѓа до сигнал дека вие сте имале поддршка од ДУИ уште во првиот круг, заклучи Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Страшниот ураган ја опустоши Јамајка: сега се движи кон Куба, станувајќи сè посилен
Следна Статија Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево за вредностите кои ги застапува Александар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Касами за Таравари: Ние не го избркавме, туку сам излезе и отиде кај ДУИ

Биљал Касами негира дека Алијанса за Албанците на Арбен Таравари е избркана од коалицијата Вреди, бидејќи, според него, Таравари сам…

April 30, 2025
ПОЛИТИКА

(Видео) Илиевска со камион тргна на средби со граѓани со цел да ја врати Битола

Кандидатката за градоначалник на Општина Битола, Габриела Илиевска, на својот Фејсбук профил се обрати со видео порака, прашувајќи: „Кој рече…

October 8, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Владата функционира обединето и единствено, мнозинството е стабилно

Владата функционира обединето и единствено. Мнозинството е стабилно и има чиста дво-третинска поддршка во рамките на македонското Собрание, изјави премиерот…

April 6, 2025
ПОЛИТИКА

Ралев: Јас не сум дел од СДСМ, а тие покажаа и дека не им требам

Архитектот и универзитетски професор, Мишко Ралев со своја реакција по денешните обвинувања од СДСМ откако беше најавено дека ќе биде…

August 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?