Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на град Скопје, направи увид на неколку клучни локации кои ќе бидат приоритет уште во првите месеци од неговиот мандат.

Меѓу проектите што ќе се реализираат се: нова клучка во Хиподром за приклучок кон автопатот на источниот дел од градот, кружен тек кај „Тобако 2“, нов мост кај Вардариште кој ќе ги поврзе Аеродром и Гази Баба, пуштање во употреба на мостот „Генерал Михајло Апостолски“ и трета лента на булеварот „Александар Македонски“ на влезот во Скопје.

Ѓорѓиевски истакна дека со овие проекти се очекува олеснување на секојдневната сообраќајна циркулација и создавање пофункционален и подобро поврзан град. „Скопје добива нов лик, за подобар и развиен град каков што заслужуваат скопјани“, порача Ѓорѓиевски.