Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски се заблагодари на граѓаните за огромната поддршка и доверба: Скопје гласаше за работа, за визија и за конкретни проекти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски се заблагодари на граѓаните за огромната поддршка и доверба: Скопје гласаше за работа, за визија и за конкретни проекти
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски се заблагодари на граѓаните за огромната поддршка и доверба: Скопје гласаше за работа, за визија и за конкретни проекти

Објавено October 20, 2025 13:49
Сподели
Сподели

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по резултатите од првиот изборен круг се заблагодари на граѓаните за, како што рече, огромната поддршка и доверба што ја добил.

Од дното на моето срце ви благодарам за секој глас, за секој разговор, за секоја подадена рака и за огромната доверба што ми ја дадовте во првиот круг од овие избори. Резултатот е јасен – Скопје гласаше за работа, за визија и за конкретни проекти,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека победата во првиот круг не е лична, туку „победа на сите кои веруваат во развиено, европско и функционално Скопје“.

Пред нас е втор круг. Првото полувреме го добивме убедливо, но натпреварот сè уште не е завршен. Победата мора да ја потврдиме и да ја направиме уште поголема,“ рече Ѓорѓиевски, додавајќи дека од денес продолжува кампањата со „уште посилно темпо“.

Тој порача дека во наредните две недели ќе биде присутен „во секое маало, на секоја улица и во секој дом“, со цел да разговара со граѓаните и да ја претстави програмата за подобро Скопје.

Вратата на нашата коалиција е отворена за сите. Сакам да понудам соработка со сите кандидати и политички структури кои не влегуваат во вториот круг, затоа што на Скопје му треба работа, не политика,“ истакна Ѓорѓиевски.

Тој ги повика сите граѓани во вториот круг да излезат уште помасовно и да ја потврдат, како што рече, волјата на мнозинството.

Ова е битка за развиено и функционално Скопје. Да ја добиеме заедно!“, порача Орце Ѓорѓиевски, завршувајќи со мотото на кампањата – Најдоброто Допрва Доаѓа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 301.000 гласа, СДСМ 125.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000
Следна Статија Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Фетаи: Од 50 функционери на АА во Владата само тројца поднесоа оставки, сите други продолжуваат да ги извршуваат работите! АА е дел на Владата

„Од 50 функционери на АА во Владата, само тројца поднесоа оставки, сите други продолжуваат да ги извршуваат своите функции! АА…

May 20, 2025
ПОЛИТИКА

Падна договор во „Европски“ фронт: Села за Струга, Бујар во Чаир, Таравари за Гостивар

Падна договор во „Европски“ фронт за поделба на кандидати за градоначалничките места. Зијадин Села ќе се бори за Струга (ДУИ…

July 14, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ објави уште 8 кандидати за градоначалници

Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ денеска утврди уште 8 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Жарко Ристески, кандидат за…

June 13, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче по средбата со Мицкоски: Ќе формираме работни групи за реформската агенда во правосудството, енергетиката и здравството

Претседателот на СДСМ Венко Филипче го оцени состанокот со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како добар и конструктивен,…

April 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?