Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: Сообраќајниот хаос во Чаир ќе го решаваме со проширување на булеварот и монтажно паркиралиште
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски: Сообраќајниот хаос во Чаир ќе го решаваме со проширување на булеварот и монтажно паркиралиште
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Сообраќајниот хаос во Чаир ќе го решаваме со проширување на булеварот и монтажно паркиралиште

Објавено October 3, 2025 17:40
Сподели
Сподели

Денес во Чаир, кандидатот за градоначалник на Град Скопје и актуелен прв човек на Општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ги претстави проектите што, како што рече, ќе донесат суштински промени во секојдневието на граѓаните.

Најзначаен е проектот за изградба на булеварот „Цветан Димов“, кој по години одлагања конечно ќе започне да се реализира. Ѓорѓиевски потенцира дека оваа сообраќајница претставува главна артерија што ги поврзува Чаир и центарот на градот, а дневно ја користат околу 100.000 возила од општините Чаир, Бутел и Шуто Оризари.

–  Со новиот булевар кој ќе има шест коловозни ленти, велосипедски патеки, тротоари, зеленило и современо осветлување ќе го решиме хроничниот хаос, но уште поважно – ќе ја зголемиме безбедноста на сите учесници во сообраќајот, изјави Ѓорѓиевски.

Тој потсети дека проектот е дел од стратегијата „Визија: Нула несреќи“, преку која до 2030 година треба да се редизајнираат 50 критични улици и крстосници во Скопје.

Покрај булеварот, започнува и изградбата на монтажна катна гаража кај ТЦ „Чаирчанка“, со цел решавање на долгогодишниот проблем со паркирањето. „Со новиот монтажен систем ќе добиеме брзо и функционално решение, со зголемен капацитет и уредено паркирање, што ќе ја растовари околината и ќе го подобри квалитетот на животот во овој густо населен дел од Чаир,“ додаде Ѓорѓиевски.

–  Визијата за Скопје е еднакво развиен град, во кој секоја општина добива инфраструктура достојна за современо живеење. Само со рамномерен регионален развој Скопје може да понуди подеднакво квалитетни услови за сите, порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп му постави ултиматум на Хамас: „Имате рок до недела во 18 часот или ќе се спушти пекол каков што никој не видел до сега“
Следна Статија До 15 октомври сите дефекти на мрежата за централно греење ќе бидат остранети, објави Владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка

Предлог измените на СДСМ не добија зелено светло од мнозинството за да се најдат на дневниот ред. Само 19 пратеници…

May 14, 2025
ПОЛИТИКА

Таравари: Со пакет мерки да ги решиме грбот, химната и другите заостанати прашања

Подготвени сме да разговараме за се, за пакет мерки со кои ќе ги решиме сите заостанати прашања од минатото, рече…

February 14, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски не ја исклучува можноста од предвремени парламентарни избори по локалните

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Струмица изјави дека по очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, логично би било да…

October 8, 2025
ПОЛИТИКА

Дали Ахмети се закани со дестабилизација и војна? Aко се чепнел албанскиот jaзик ќе немало локални избори

АлиАхмети индиректно повика на дестаблизација на земјата доколку Уставниот суд чеплнел во Законот за јазици на седницата која треба да…

March 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?