Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски сподели конкретен план за промени во главниот град: Време е за чист воздух и ред во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски сподели конкретен план за промени во главниот град: Време е за чист воздух и ред во Скопје
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски сподели конкретен план за промени во главниот град: Време е за чист воздух и ред во Скопје

Објавено October 10, 2025 08:51
Сподели
Сподели

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, се обрати на вчерашниот народен митинг во Кисела Вода, одржан во рамки на изборната кампања под мотото „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина!“, во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври.

Во своето обраќање, Ѓорѓиевски ја претстави својата визија за зелено и модерно Скопје, со конкретни решенија за сообраќајниот хаос, загадувањето и урбаното уредување, потенцирајќи дека успехот на Кисела Вода е модел што треба да се примени во целиот град.

– Кисела Вода конечно е добриот пример во Скопје. Доказ дека кога се работи чесно, посветено и од срце, резултатите се тука – видливи за сите! Токму тој доказ, таа наша заедничка победа, е причината зошто стојам денес пред вас. Моделот на работа, енергија и чесност од Кисела Вода мора да го пренесеме во цело наше Скопје. Градот заслужува да биде воден со љубов, со план и со визија – изјави Ѓорѓиевски.

Тој најави завршување на проширувањето на булеварот Борис Трајковски, решавање на проблемот со Усјанскиот канал, нова катна гаража на улицата „Есенинова“, како и изградба на најголемата Градска шума во Расадник.

– Конечно ќе го завршиме проширувањето на булеварот Борис Трајковски сè до Драчево, ставаме крај на гужвите и тесните грла еднаш засекогаш. Ќе го решиме и деценискиот проблем со Усјанскиот канал со негова целосна реконструкција и покривање. Нема повеќе ризици по здравјето на граѓаните и поплавени домови – рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека проектите ќе ја променат секојдневието на скопјани.

– Ќе изградиме нова модерна катна гаража на Есенинова за да го решиме проблемот со паркирањето, а во Расадник ќе ја создадеме најголемата Градска шума – мега парк што ќе биде новите бели дробови на Скопје – истакна тој.

Ѓорѓиевски најави и план за комплетна модернизација на инфраструктурата, реформа на јавните претпријатија и подобрување на културната понуда во градот.

– Нашата визија е поврзано, зелено и модерно Скопје – град со функционален сообраќај, каде ќе ги завршиме сите заглавени проекти како клучката Момин Поток и ќе ги изградиме булеварите Хрватска и Цветан Димов, како и подземната сообраќајница кај Лимак. Град со чист воздух, каде депонијата Дрисла ќе ја претвориме од еколошка бомба во современ европски центар за отпад – рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека ќе воведе ред во јавните претпријатија и ќе ја врати културата на градот, со реконструкција на Универзалната сала и киното Милениум.

– Скопје ќе биде град со ред и поредок, со јавни претпријатија кои работат за народот, а не за партиите. Ќе го вратиме сјајот на улиците и ќе ги оживееме културните објекти што со години беа заборавени. Време е Скопје повторно да заживее – заклучи Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Руски ракети и беспилотни летала го погодија Киев, гореше облакодер во центарот на градот
Следна Статија Трамп предлага Шпанија да биде исфрлена од НАТО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Скопје е Монти Пајтон метропола со макадам улици, без јавен превоз, со кучиња скитници и како врв на сѐ – со истепана градоначалничка, вели Марковски

Деканот на Градежен факултет и кандидат за градоначалник на Скопје на граѓанската платформа „Независни заедно“, Горан Марковски, во интервју за порталот „Локално“ вели…

September 10, 2025
ПОЛИТИКА

Фаризи: Таравари како “Леси ќе се врати дома” по локалните

Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи, во соноќешната „Само вистина“ на Канал 5 изјави дека не е убеден дека одлуката на Алијанса…

April 26, 2025
ПОЛИТИКА

Објавена фотографија која најавува можна соработка на ДУИ и Левица во вториот круг: Зашто разговараа Муса Џафери и Реџеп Исмаил Хактан

Во просториите на Собранието на Македонија е фотографирана средба помеѓу потпретседателот на НАИ Муса Џафери и пратеникот на партијата Левица,…

October 21, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити: Не го исклучивме Таравари од ВРЕДИ, тој се самоисклучи

Не го исклучивме Таравари од ВРЕДИ, тој се самоисклучи, изјави предмалку Изет Меџити. Вели, не било тајна дека Арбен преговарал…

April 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?