Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: Ќе ја обединам цела механизација на градот, за 72 часа Скопје ќе биде исчистен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски: Ќе ја обединам цела механизација на градот, за 72 часа Скопје ќе биде исчистен
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Ќе ја обединам цела механизација на градот, за 72 часа Скопје ќе биде исчистен

Објавено October 25, 2025 10:43
Сподели
Сподели

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, синоќа гостуваше во емисијата Трилинг на телевизија 24. Ѓорѓиевски истакна дека во моментов Скопје се соочува со најлоша состојба досега. Според него со добра организација проблемите можат брзо да се решат и дека во првите 72 часа ќе се спроведе голема акција за чистење на градот, во која ќе бидат вклучени сите општини, јавни претпријатија и општествено одговорни компании, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

„Треба само добра организација. Немало до сега ваква лоша состојба како што имаме денес, тоа треба да го признаеме, и тоа е фактичка состојба. Но, кога велам за добра организација, јас сметам дека добро знам да ги организирам состојбите и да ги решам проблемите. Во првите 72 часа, како што најавив одговорно тврдам дека градот ќе биде исчистен ќе се направи една голема генералка, во која што нема тоа да го направи само градот туку тука ќе помогнат сите општини, тоа е организација“, вели Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски посочи дека во изминатите четири години немало ниту еден координативен состанок со Градот Скопје, што го оцени како недозволиво. Тој истакна дека како претседател на ЗЕЛС покажал како треба да се соработува во интерес на граѓаните.

„Ние изминатите 4 години не сме имале  координативен состанок со Градот Скопје. Тоа недопустливо, без разлика кој на која политичка партија припаѓа. Јас како претседател на ЗЕЛС, мислам дека покажав изминативе години, откако ја водам таа институција, како треба да функционираме сите заедно кога станува збор за интересот на граѓаните“, рече Ѓорѓиевски и додаде:

„Јас во тие 72 часа, освен што ќе ја пуштам целосно на располагање целата механизација на Градот Скопје и јавните претпријатија, тука ќе ги повикам сериозно да се вклучат сите општини, но да се вклучат и општествено одговорни компании, сите ќе излеземе“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Галетановски си даде оставка од градската организација на СДСМ
Следна Статија Аргентинците излегуваат на избори, Трамп порача: Ако не победи Милеј, нема ни долар помош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нуди програма и проекти, додека СДС-ДУИ-Левица излегуваат со најцрната и најмизерната кампања што некогаш Македонија ја видела

вие се локални избори и се зборува за локални проекти, бидејќи локалните проекти се проекти од најголем интерес за граѓаните…

October 12, 2025
ПОЛИТИКА

НСДП на локалните избори ќе настапи во коалиција со СДСМ

НСДП вчера во Скопје одржа седница на Централниот одбор на која беа разгледани активностите на партијата кои се преземаат во…

May 19, 2025
ПОЛИТИКА

Зајкова: 102 молкa, 1 живот помалку – електронска белезица за сторителите на насилство

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова се огласи на Фејсбук по повод грозоморното двојно…

September 18, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски доби поддршка од Меџити и Бакиу

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој влезе во вториот круг од изборната трка, објави дека…

October 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?