Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јавно се камшикувани двајца млади мажи во Индонезија поради хомосексуалност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Јавно се камшикувани двајца млади мажи во Индонезија поради хомосексуалност
ЗАБАВА

Јавно се камшикувани двајца млади мажи во Индонезија поради хомосексуалност

Објавено August 26, 2025 19:32
Сподели
Сподели

Двајца мажи во Индонезија денеска беа јавно камшикувани поради хомосексуалност, откако шеријатскиот суд во провинцијата Ачех на островот Суматра ги осуди за кршење на исламскиот закон.

Настанот го следеле околу 100 лица во градскиот парк во Банда Ачех, каде што осудените на возраст од 20 и 21 година добиле десетици удари со стап од ратан по грбот. Покрај нив, уште осум лица денеска беа јавно камшикувани поради прељуба и коцкање.

Законот во Ачех предвидува до 100 удари со камшик за „морални прекршоци“, меѓу кои се хомосексуални односи и сексуални врски меѓу невенчани лица. Камшикувањето се применува и за коцкање, консумирање алкохол, жени кои носат тесна облека и мажи кои не присуствуваат на петочните молитви во џамија.

Двајцата млади беа осудени на по 80 удари, откако верската полиција соопшти дека ги фатила во „сексуален чин на гушкање и бакнување“ во тоалет во јавен парк. Тие биле уапсени во април по пријава на очевидци и признале дека се запознале преку онлајн апликација.

Ачех е единствената индонезиска провинција што го применува шеријатскиот закон, воведен во 2006 година како дел од договор за ставање крај на долгогодишен вооружен сепаратистички бунт. Досега имало четири случаи на камшикување поради хомосексуалност. Кривичен законик на Индонезија не ја санкционира хомосексуалноста, но централната власт нема надлежност да го укине шеријатот во Ачех.

Меѓународните организации за човекови права повеќепати побараа укинување на казната камшикување. „Амнести интернешнал“ денеска ја осуди јавната егзекуција на казната, нарекувајќи ја „вознемирувачки чин на дискриминација и суровост санкционирана од државата“.

„Ова е застрашувачки потсетник на институционализираната стигма и злоупотреба со кои се соочуваат ЛГБТ+ лицата во Ачех. Интимните односи меѓу возрасни лица со взаемна согласност никогаш не треба да бидат криминализирани“, стои во соопштението на организацијата.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Три хороскопски знаци кои не сакаат да ги покажуваат своите чувства
Следна Статија (ВИДЕО) Се преврте гондола во Венеција- поради селфи, туристите паднаа во вода

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски синоќа упати апел за молитва за сите повредени во трагедијата во Кочани. Таа објави дека…

March 17, 2025
ЗАБАВА

Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

Виена веќе не е најдобриот град во светот за живеење. По три години на врвот на годишната листа на „Економист…

June 18, 2025
ЗАБАВА

Ламбе Алабакоски се враќа на скопската сцена со голем концерт во „ Јавна соба“

По цела деценија пауза, популарниот македонски пејач Ламбе Алабаковски повторно ќе настапи пред скопската публика. Концертот во „Јавна соба“ на…

October 9, 2025
ЗАБАВА

Крстот на синџирчето на Цеца има големо значење

Жељко Ражнатовиќ Аркан обожавал да ја краси својата сопруга Цеца Ражнатовиќ со скапи ланчиња, алки и прстени. Командантот на Српската…

May 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?