Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јамал останува во Барселона до 2031 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Јамал останува во Барселона до 2031 година
СПОРТ

Јамал останува во Барселона до 2031 година

Објавено May 28, 2025 09:33
Сподели
Сподели

17 годишниот светски фудбалски бисер Ламин Јамал го продолжи договорот со шпанскиот шампион Барселона до 2031 година, соопштија од клубот од Ноу Камп.

„Фудбалскиот клуб Барселона и Ламин Јамал ​​постигнаа договор за продолжување на договорот, кој ќе го обврзе со клубот до 30 јуни 2031 година“, се вели во соопштението на Барселона, актуелниот шампион на Шпанија.

Јамал дебитираше за Барселона на 29 април 2023 година против Бетис, во победата од 4-0 во Ла Лига. Тогаш имаше само 15 години и 290 дена, со што стана најмладиот дебитант во историјата на Барселона во шпанското првенство.

Според шпанските медиуми, Јамал ќе заработува 20 милиони евра по сезона, со нешто помалку од 10 милиони евра бонуси за обновување секоја година, што е драматично зголемување во однос на 1,6 милиони евра колку што добиваше досега.

Со овој договор, Јамал станува третиот најплатен играч во тимот, зад Френки де Јонг (23 милиони евра нето) и Роберт Левандовски (25 милиони евра нето).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жртва на „Беланоца-Барон“ убиен за 10.000 евра бидејќи предал обвинети во „Монструм“
Следна Статија Поранешниот претседател на Албанија Илир Мета обвинет за корупција и перење пари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Девет лица имале срцев удар или се онесвестиле по тешката повреда на Лесор

Кошаркарот на Панатинаикос, Матијас Лесор, доживеа тешка повреда, во текот на натпреварот меѓу Панатинаикос и Басконија, во Евролигата. Девет навивачи…

December 20, 2024
СПОРТ

Пелистер доби „вајлд картa“ за Лигата на Шампиони

РК Еурофарм Пелистер претстојната сезона ќе игра во ракометната Лига на Шампиони. Екипата на Пелистер доби вајлд карта за учество…

June 24, 2025
СПОРТ

Хари Кејн се израдува на првиот шампионски трофеј во кариерата (ВИДЕО)

Еден од најдобрите напаѓачи на својата генерација, англискиот фудбалер Хари Кејн (31) го освои првиот трофеј во кариерата. Она што…

May 5, 2025
СПОРТ

Моника Селеш ќе му биде тренер на Новак Ѓоковиќ?

Моника Селеш, една од најдобрите тенисерки во историјата, која во свое време беше непобедлива, најверојатно ќе му биде тренер на…

August 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?