Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јана Атанасовска и Ставре Јада македонски знаменосци, првпат отворањето на ЗОИ ќе се одржи на четири локации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Јана Атанасовска и Ставре Јада македонски знаменосци, првпат отворањето на ЗОИ ќе се одржи на четири локации
СПОРТ

Јана Атанасовска и Ставре Јада македонски знаменосци, првпат отворањето на ЗОИ ќе се одржи на четири локации

Објавено February 6, 2026 13:18
Сподели
Сподели

Со церемонии што ќе се одржат на четири локации, во Милано, Кортина д’Ампецо, Предацо и Ливињо, вечерва во Италија официјално ќе бидат отворени 25. Зимски олимписки игри (ЗОИ) Милано – Кортина 2026.

На ЗОИ 2026 ќе настапат околу 2.900 спортисти од над 90 земји, а четиричлениот македонски олимписки тим го сочинуваат скијачите Јана Атанасовска и Виктор Петков, како и нордијците Ставре Јада и Ана Цветановска.

Главната церемонија на свеченото отворање ќе почне вечерва во 20 часот на величествениот стадион „Џузепе Меаца“ во Милано, а паралелни церемонии ќе се одржат и во Кортина, каде македонски знаменосец ќе биде Атанасовска, а на церемонијата во Предацо македонското знаме ќе го носи Јада.

фото: Македонски олимписки комитет

Македонскиот олимписки тим во Италија е составен од најдобрите спортисти во своите дисциплини. Најмладата македонска натпреварувачка и рекордерка во алпско скијање, 19-годишната Јана Атанасовска ќе се натпреварува во слалом и велеслалом, а во овие две дисциплини во машката конкуренција ќе настапи и 26-годишниот Петков.

Најискусниот во македонскиот состав, 27-годишниот Јада, кому ЗОИ2026 ќе му бидат трет олимписки настап, ќе се натпреварува во нордиските трки спринт и 10 км интервал старт, во кои во женска конкуренција ќе се појави и Ана Цветановска (25), на нејзината втора Зимска Олимпијада по Игрите во Пекинг 2022.

Распоредот за настап на македонските нордијци е на 10, 12 и 13 февруари, додека алпските дисциплини ќе се одржат на 14, 15 и 18 февруари.

Натпреварите во хокеј, уметничко лизгање и трките во лизгање ќе се одржуваат во Милано, додека Кортина д‘ Ампецо ќе биде домаќин на натпреварувањата во алпско скијање во женска конкуренција, санкање, боб, скелетон и карлинг.

Трките во биатлон ќе се одржат во Антхолц, а натпреварите во скијачки скокови, нордиска комбинација и крос – кантри скијање во Вал ди Фиеме.

Во Ливињо на олимписката програма ќе бидат натпреварувањата во сноубординг и скијање слободен стил, додека Бормио ќе биде домаќин на трките во алпско скијање во машка конкуренција, како и новата олимписката дисциплина – скијачко планинарење.

Зимските олимписки игри 2026 ќе завршат на 22 февруари со свечена церемонија во античката арена во Верона.

 

FacebookTwitterCopy LinkShare
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Алфабет не сака да зборува за договорот за вештачка интелигенција со Apple, дури ни пред инвеститорите
Следна Статија Азиските акции се подготвуваат за пад поради технолошкиот сектор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Барселона од „Најки“ го добива најголемиот договор во историјата

Фудбалскиот клуб Барселона наскоро ќе ратификува договор со производител на спортска опрема врз основа на кој ќе заработи огромна сума,…

November 9, 2024
СПОРТ

Работнички се разигра, бега од опасната зона

Во двата воведни натпревари од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Работнички попладнево го совлада Силекс со 2-0,…

March 20, 2026
СПОРТ

Мудрик позитивен на допинг

Фудбалерот на Челзи, Микаил Мудрик, бил позитивен на допинг тестот направен во октомври и е суспендиран до понатамошно известување, пренесуваат…

December 17, 2024
СПОРТ

Загуба во продолжение: Илиноис загуби од Мичиген Стејт во огномет на натпревар

Џереми Фирс Џуниор се надмудри со Китон Вагнер во врвен натпревар на Big Ten лигата

February 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?