Министерката за образование Весна Јаневска при посетата на Тетово вчера беше прашана од новинар дали со себе донела преведувач, на што одговори негативно.
„Не ми треба. Не знам кому му треба преведувач за во Македонија да знае македонски јазик“, изјави Јаневска.
Таа заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Тетово Билал Касами присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово.
Ова е вторпат на Јаневска да ѝ биде сугерирано да има преведувач. При претходна слична ситуација, таа изјави дека во Македонија има еден службен јазик и дека не е потребен преведувач.