Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Дуалното образование е нашиот најуспешен образовен модел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Дуалното образование е нашиот најуспешен образовен модел
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Дуалното образование е нашиот најуспешен образовен модел

Објавено February 24, 2026 16:42
Сподели
Сподели

Владата и бизнис заедницата, во делот на образованието, имаат заедничка заложба за создавање генерации кои не само што поседуваат знаење, туку можат и да го применат, креативни и одговорни млади луѓе кои се подготвени за предизвиците на современиот пазар на труд. Ова е темелот врз кој го градиме системот на дуално образование, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска, на промотивниот настан на кој се говореше за резултатите и прогресот на концептот на дуално образование во организација на Стопанската комора на Македонија.

Факт е дека дуалното стручно образование е наш успешен образовен модел кој го градиме последниве неколку години и дава одлични резултати. Тие се мерат со сé поголемиот број ученици кои го бираат како и со постојаниот раст на компаниите кои се вклучуваат, што е разбирливо, затоа што е најдобар начин да добијат млад кадар што сами го обучиле, изјави Јаневска.

Вкупниот број на ученици во средното образование во учебна 2025/2026 година изнесува 65.858, од кои 43.187 се во стручно образование, а 21.640 во гимназиско образование, односно приближно 70% од учениците се запишани во стручно образование. Од бројот на ученици запишани во стручно образование, 13.371 се запишани во дуално образование, или приближно 30% од вкупно запишаните во стручно образование.

Министерката во своето обраќање истакна дека Министерство за образование и наука во надградувањето и промоцијата на дуалното образование има одлично партнерство со стопанските комори, германската и швајцарската развојна агенција, Шведска и Австрија, како и со општините, при креирањето на уписна политика според реалните потреби на пазарот на трудот.

И во новиот конкурс за упис во средно образование, за учебната 2026/2027, фокусот ќе биде на дуалното образование, а постојните и новите профили ќе ги димензионираме во договор со локалните самоуправи и компаниите, рече Јаневска, напоменувајќи дека очекува истиот успех да се повтори и во високото образование, со стручните студии.

Академската заедница, потенцираше министерката, е подготвена да воведе студиски програми кои ќе бидат продолжение на средното дуално образование, како и интердисциплинарни студии со странски универзитети, студентска размена и заеднички проекти.

Зад сé ова што го говорам, стои одлучноста на Владата и мојата лична решеност да им помогнеме на младите да добијат квалитетно образование и да заврши времето кога нив ги гледавме само како потенцијал што не успевавме овде, во земјата, да го искористиме, додаде Јаневска.

Досега околу 700 компании имаат склучено меморандуми за соработка со средните стручни училишта, односно тие се јавуваат како работодавачи кај кои се реализира практично образование и обука. Од вкупно 76 училишта во кои се реализира стручно образование, во 67 средни училишта се формирани дуални паралелки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Forget a Second Screen, This $799 Portable Monitor Adds Three 18.5-Inch Displays to Your Laptop – Yanko Design
Следна Статија Gold Rises as Trump Tariff Defeat Throws Trade Deals Into Doubt – Bloomberg

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Правењето на фама околу Јени Џамија е еден од класичните примери за тоа како ДУИ тоне во сопственото политичко мочуриште…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

„Безбеден град“ стартува од 1 февруари, пратениците го изгласаа законот

Собранието денеска со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот…

January 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Свечено откриен споменикот на Александар Турунџев во Битола

По повод одбележувањето 120 години од погибелта на македонскиот војвода Александар Турунџев, вчеравечер со свечена церемонија беше откриен споменик на…

August 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судење за „Пулс“: Нацев тврди дека е жртва на медиумски линч, одбраната негира дека тој е сопственик на „Рубикон“

Во судницата во Идризово денеска продолжи судењето за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Во својот воведен збор, обвинетиот Александар…

December 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?