Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Од март платите на наставниците се зголемуваат за 7 проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Од март платите на наставниците се зголемуваат за 7 проценти
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Од март платите на наставниците се зголемуваат за 7 проценти

Објавено February 20, 2025 18:21
Сподели
Сподели

Верувам дека многу скоро ќе се случи потпишувањето на новиот колективен договор за подобрување на правата на вработените во основните и средните училишта, а во оваа прилика сакам да информирам, како што и се договоривме, тие во март годинава ќе го добијат второто покачување на платите за 7%, откако во октомври минатата година го добија првото за 5%.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на средбата со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, која е продолжение на конструктивниот социјален дијалог, а во насока на усвојување нов колективен договор за основното и средното образование.

-Постигнат е голем исчекор напред, усогласени сме по однос на поголемиот дел одпрашањата кои ги засегаат вработените во училиштата, а денес нашите преговори продолжуваат за да ја завршиме целосно работата на која се обврзавме ние како Влада од една страна и СОНК од друга страна, изјави Јаневска, напоменувајќи дека целта на Владата е да обезбеди долгорочна економска сигурност на вработените во училиштата и затоа е предвиден раст на платите за најмалку 46 проценти, а најмногу до 60 отсто до 2028 година, зависно од степенот на инфлација.

Министерката потенцираше дека за прв пат растот на платата е поврзан со степенот на инфлација, за да се обезбеди реално зголемување на приходите на вработените во основното и средното образование.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија К-15 – Toso i Cacko na bazen
Следна Статија Приватизирал земјишта без да ги прати до Државното правобранителство – сам удирал печати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владата почна постапка за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.  Одлуката, попладнево на прес-конференција, ја соопшти…

February 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Пожарот на Јабланица локализиран

На територијата на државата денеска регистрирани се три пожари на отворено, меѓу кои и пожарот на планината Јабланица, кој е…

March 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Седумдневна жалост за жртвите од трагичната несреќа во Кочани

Во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани, од денеска е седумдневна жалост на територија на цела држава. Националното…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски оствари средба со претседавачот на Минхенската конференција за безбедност, Хојзген и со хрватскиот премиер Пленковиќ

Актуелните безбедносни предизвици во Европа и регионот и можностите за зајакнување на меѓународната соработка во доменот на безбедноста и стабилноста,…

February 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?