Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Од септември ќе имаме нова програма и повторно ја враќаме Историјата како предмет во седмо одделение
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Од септември ќе имаме нова програма и повторно ја враќаме Историјата како предмет во седмо одделение
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Од септември ќе имаме нова програма и повторно ја враќаме Историјата како предмет во седмо одделение

Објавено July 22, 2025 09:20
Сподели
Сподели

Министерката за образование и наука Весна Јаневска синоќа во Велес изјави дека оваа Влада успеала да го исплати долгот од претходната влада во образованието за плати за наставниците и ги испечати сите учебници за кои имаше недостаток повеќе години. Најави дека учебници ќе има за сите ученици.

Ја сменивме програмата за 7 одделение и од септември ќе има нова програма и во неа повторно е вратен предметот Историја што претходната го укина, а учебникот е во печатење, рече министерката Јаневска.

Воедно информира дека од претстојната учебна година по шест години пауза, учениците повторно ќе имаат учебници по странски јазици: англиски, германски, француски и италијански.

Јаневска информира дека е сменета програмата за прва година гимназиско образование. Законот за високо образование, како што кажа, се доработува со уште неколку закони. Министерката Јаневска информира дека МОН дава поддршка за младите кои имаат изработено свои иновации во науката и за нивно пласирање и поддршка надвор од земјава, како и дополнителна награда и поддршка за оние ученици кои освоиле први места и медали на разни европски и светски натпревари во областа на науката.

Распишан е оглас за проекти за научно истражувачка работа на професорите, а отворени се шест нови лекторати во светот каде ќе се изучува и популаризира македонски јазик и литература.

Оваа Влада, како што кажа министерката, досега шест пати ја покачила платата на наставниците и со СОНК се договориле секоја година да има нови покачувања на платите.

Таа потсети дека МОН и оваа Влада изградиле осум нови училишни згради и работи на деветата, реновирани се 20 училишни сали, а се градат уште четири спортски сали и има повик за изградба на уште 30 нови спортски сали. Потсети дека ги опремиле училиштата со смарт табли и друга современа опрема, а во соработка со Бирото за развој и образование имаат обуки за наставниците да користат напредна технологија.

Министерката Јаневска, која зборуваше на партиска трибина во Велес, потенцира дека МОН за првпат ги легализира дуалните паралелки во средно образование кои имаат практичична настава.

Во средното стручно образование освен постоечките направиле уште два нови стручни центри во Штип и Битола според стандардите на земјите од ЕУ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕМОФ Скопје 2025 стартуваше со светски рекорд во скок со стап и европски рекорд во стрелаштво
Следна Статија Албанец ја исмева британската полиција среде Лондон- криминалецот Доријан не може да биде депортиран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: Жителите на Маџир Маало житеат во услови кои не доликуваат на 21 век

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Никоклоски денес беше во посета на Маџир Маало заедно со кандидатот за градоначалник за…

October 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Наследивме руиниран систем, но успеавме да ги поставиме темелите на промените

Во оваа тешка година имаме резултати зад нас кои се јасен показател дека стигнавме на солидна основа. Реализиравме или отпочнавме…

June 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи, Филипче да поднесе оставка

Лидерот на СДСМ Венко Филипче треба да поднесе оставка по резултатите од локалните избори, на кои катастрофално изгуби и ДУИ,…

October 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андовска за аферата „Мазут“: Малку е доживотен затвор и конфискација, ама немаме смртна казна

Професорката и декан на Факултетот за музичка уметност во Скопје, Дарија Андовска, ја коментира аферата „Мазут“. Ај што пепел направиле…

March 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?