Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Преку мобилна апликација родителите ќе имаат едноставен увид во образовниот напредок на нивните деца
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Јаневска: Преку мобилна апликација родителите ќе имаат едноставен увид во образовниот напредок на нивните деца
Blog

Јаневска: Преку мобилна апликација родителите ќе имаат едноставен увид во образовниот напредок на нивните деца

Објавено February 11, 2025 13:24
Сподели
Сподели

Мобилна апликација која ја разви Министерството за образование и наука им овозможува на родителите и старателите на учениците едноставен пристап до електронскиот дневник и со тоа лесно и на дневна основа да го следат образовниот напредок на децата.

За оваа новина денеска на прес конференција информираше министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, која рече дека апликацијата овозможува увид во распоредот и содржината на часовите на учениците, во редовноста на настава – оправдани и неоправдани изостаноци, зададените домашни задачи, добиените оценки и издадените свидетелства.

Апликацијата може да се симне на ednevnik.edu.mk или преку банер поставен на веб страната на министерството и да се инсталира на било кој паметен уред, мобилен телефон или таблет, независно од типот на оперативниот систем. Едноставна е за користење и преку најава и автентикација со истото корисничко име и лозинка кои во моментов ги користат за пристап до електронскиот дневник, над 200 илјади родители и старатели, колку што се регистрирани досега, во секое време можат да имаат брз пристап до информации за образовниот процес на нивните деца – рече Јаневска.

Министерката посочи дека сите податоци кои се внесуваат во електронскиот дневник, се архивираат и корисникот на апликацијата има увид во податоци од тековната, но и од било која учебна година наназад.

Веќе ја тестиравме и се уверивме во функционалноста на апликацијата. Сигурна сум дека ќе биде многу користена, затоа што нема родител или старател кој не е заинтересиран да го следи и да учествува во образованието на своето дете. Одговорноста за едукацијата на младите е заедничка и подеднаква и на институциите и на семејствата на учениците – потенцираше министерката.

Јаневска рече и дека за било каква корисничка поддршка при најавување, заборавена лозинка или дополнителни појаснувања околу примената на новата апликација, стручен тим на Министерството за образование и наука е достапен во секое време на електронската адреса ednevnik@ednevnik.edu.mk.
Со цел намалување на административната работа на наставниците, Јаневска информираше дека податоците од електронскиот дневник ќе ги печатат само еднаш годишно, односно на крајот на учебната година, наместо како досега на месечна основа.

Министерството за образование и наука работи на забрзана дигитализација на образовната сфера. Во таа насока, министерката посочи дека наскоро започнува пилотирањето на новиот електронски систем за административна работа на училиштата и електронски дневник во повеќе училишта, пред да бидат официјално применети.

Подготвуваме неколку електронски регистри кои ќе се користат за потребите на науката, за признавање на странски високообразовни квалификации и за евидентирање на стипендирани македонски студенти во странство и нивно поврзување со работодавачи. Паралелно продолжуваме со обезбедување на квалитетна ИТ инфраструктурна мрежа во училиштата, нови дигитални алатки во наставата, а ќе продолжи и дигитализацијата на учебниците“, додаде Јаневска.
Изрази задоволство што дел од образовните услуги се целосно дигитализирани. Од оваа учебна, односно академска година, за прв пат целосно електронски се спроведуваат постапките за аплицирање и стекнување на ученички и студентски стипендии, како и за сместување во ученички и студентски домови. Повеќе нема доставување на хартиени документи ниту од страна на апликантите, ниту хартиени решенија за прифаќање или одбивање од страна на министерството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката за електрична енергија за над 20 илјади домаќинства и заштита на животната средина
Следна Статија Маркетите ќе имаат јавна веб страница каде ќе ги објават цените на производите?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Fury over Discord’s age checks explodes after shady Persona test in UK – Ars Technica

Persona confirmed all age-check data from Discord's UK test was deleted.

February 22, 2026
Blog

Девет од десет нови автомобили во Норвешка продадени во 2024-та биле целосно електрични

Девет од десет нови автомобили продадени во Норвешка минатата година биле целосно електрични, покажаа податоците за регистрација објавени во четвртокот,…

January 3, 2025
Blog

Турција го казни „Гугл“ со 8,8 милиони долари поради кршење на правилата за конкуренција

Турскиот орган за конкуренција го казни технолошкиот гигант „Гугл“ (Google) со 355,1 милиони турски лири (8,86 милиони долари) за кршење…

July 11, 2025
Blog

Никој не знае каде е судијата Ристов, пред еден месец го исклучил мобилниот телефон и зел боледување

Потрагата по уште пари од сомнително потекло и докази против осомничениот апелационен судија Ѓоко Ристов продолжува. МВР и Обвинителството не…

January 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?