Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Расправата за концепцијата за гимназиско образование ќе продолжи, предлозите се генерално за зголемен број часови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Расправата за концепцијата за гимназиско образование ќе продолжи, предлозите се генерално за зголемен број часови
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Расправата за концепцијата за гимназиско образование ќе продолжи, предлозите се генерално за зголемен број часови

Објавено February 13, 2025 15:37
Сподели
Сподели

За предлозите и барањата што стигнуваат во врска со концепцијата за реформи во гимназиското образование се дискутира. Јавната расправа сè уште трае иако онлајн расправата е затворена. Планирани се и дополнителни посети и средби, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа вели дека предлозите што стигнале до Бирото за развој на образованието се однесувале, генерално, на зголемен број на часови на секој од предметите и дополнување на дополнителни предмети. Доколку би се зеле предвид тие предлози, учениците би останувале на училиште и до 11 часови.

– Кога Бирото го направи распоредот на часови, според барањата на стручната јавност, здруженијата на наставниците, излезе дека учениците секоја година, од прва до четврта, треба да бидат на училиште најмалку 10 до 11 часа. За да нема забуна, 10 до 11 часа во работниот ден. Тоа не е можно и жал ми е што нема да можеме баш така како што поединечно замислуваат да го остваруваме. Сето тоа ќе треба да се изанализира, искомбинира. Да, нашите деца да бидат подолго на училиште, тоа што Владата како проект го предлага, но тие не може да бидат 11 часа во денот на часови – истакна министерката, додавајќи дека покрај наставни часови учениците треба да имаат и воннаставни активности.

Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на клубот „Иноваториум“ во Титан УСЈЕ министерката рече и дека наставните програми ќе се менуваат од септември и дека учениците од септември ќе имаат нови учебници за средно гимназиско.

– За концепцијата ќе имаме приближно една година време за да ја стокмиме така како што треба да изгледа и да биде соодветна на програмите од Европска Унија за нашите гимназијалци, кои ќе го продолжуваат школувањето овде, а дел од нив и во странство, да се подготвени на соодветното ниво за понатамошното образование.

Јаневска одговори и на прашања во врска со трошоците за упишување семестар на државните факултети, на реагираше Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Кирил и Методиј“.

– Комуницирав со сите декани од УКИМ и цената е секаде спуштена на минимум. Некаде изнесува нула, некаде изнесува 2.000 денари за цела година. Освен на два факултета, каде што е навистина неопходно да се обезбедат дополнителни средства за подобрување на студиските програми. Денеска имаме состанок, ќе видиме како ќе заврши сето тоа – рече министерката и рече дека ќе биде разговарано и за други теми.

На прашање кога би профункционирал електронскиот индекс како најавен проект, Јаневска одговори дека е „можеби преамбициозно да биде на сите факултети“. Како што рече, „имаме добра шанса и важно е да почнеме, а потоа продолжуваме“.

Притоа посочи дека мобилната апликација за Е-дневник која МОН ја промовираше завчера, била попосетена и од апликацијата ТикТок.

– Изработена е од стручниот тим во МОН и со гордост го соопштувам тоа – додаде министерката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мисајловски: Во НАТО имаме нов контекст насочен кон преговори за мир во Украина
Следна Статија Тенки нерви низ Скопје: Две тепачки поради недоразбирање во сообраќајот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Систем за влез/излез од ЕУ: за што сè треба да се подготват патниците

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европската Унија ќе почне со постепено воведување…

October 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска за РСЕ: Образованието заслужува единица, нерегуларности на универзитетите во Тетово, Струга, Охрид…

На Тетовскиот универзитет утврден е нелегален избор на двајца наставници, нерегуларности има и на „Апостол Павле“ и во Струга, открива…

November 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова со честитки до Трамп

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска упати честитки до Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД. -Срдечни честитки по…

November 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонски автобус удри во банкина во Србија

Македонски автобус останал заглавен во снежните наноси откако се излизгал и удрил во банкината вчеравечер на автопатот А5 кај Појате…

November 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?