Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Учебници ќе има од 1 септември, родителите да бидат спокојни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Учебници ќе има од 1 септември, родителите да бидат спокојни
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Учебници ќе има од 1 септември, родителите да бидат спокојни

Објавено August 7, 2025 09:11
Сподели
Сподели

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека од 1 септември учебници ќе има.

Сите можат да бидат спокојни и не е ова прва година кога ќе има учебници. И минатата година со силни напори успеавме да обезбедиме учебници за учениците. Дел од учебниците веќе се дистрибуираат по училиштата. Секако, наставниците се на колективен одмор до 15 и после тоа поинтензивно ќе продолжи испораката на учебници. Во овој момент сè уште имаме одредени процедури кои се завршуваат. Но, и тие ќе бидат завршени и учебници ќе има, изјави Јаневска во гостувањето на „Вести плус“ на Канал 5 ТВ.

Околу прашањето за учебникот по историја и тоа дали ќе бидат земени предвид препораките од Историската комисија, таа одговори дека „ќе бидат спомнати сите значајни историски личности кои што треба да бидат спомнати“.

Оваа година ќе има посебен предмет историја, секако и предмет географија, и ќе има учебници и по овие предмети. Тие се исклучително значајни, тоа се национални предмети кои децата секако треба да ги изучуваат. И мешаните комисии не дале сѐ уште официјален предлог барем до Министерството таков предлог не е стигнат. Оттука, ние и немаме обврска тоа што се зборува во јавноста да го примениме како такво затоа што немаме официјален допис. Секако, ќе бидат спомнати сите значајни историски личности кои што треба да бидат спомнати во различни одделенија, по различни теми и поглавја, така како што нашите автори сметаат дека тоа треба да се направи“, изјави министерката.

Во однос на оштетените учебници од минатата година, Јаневска објасни дека училиштата треба да ги пријават до Министерството, кое ќе испорача нови примероци според пријавениот број.

Старите учебници кои треба да бидат заменети училиштата ги пријавуваат до Министерството за образование и наука. Колкав број на учебници за секој предмет поединечно ќе пријават, толкав број ќе испорачаме. Да, се случува некои училишта да направат пропуст, таму треба да има комисија за прием на старите учебници која треба да ги разгледа, да види дали се оштетени или неоштетени. Законот вели дека оштетените учебници родителот треба да ги плати во 70 проценти. Училиштата, особено некои општини, не сакаат да им ги побараат тие средства на родителите и пријавуваат помал број на оштетени учебници, појасни таа, дополнувајќи дека годинава им потенцирале дека е неопходно да ги пријават сите оштетени учебници и ќе добијат толку учебници колку што побарале“, изјави Јаневска. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хороскопски знаци кои секогаш го даваат својот максимум на работа
Следна Статија Обид за ангажирање платен убиец: Маж планирал атентат врз Орбан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кирков: Директорот на Зоолошка да си поднесе оставка, умираат животни под сомнителни околности

Скопската Зоолошка градина во Скопје последниве три години е место каде умираат животни во сомнителни околности. Зоолошката е веќе позната…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на Конференцијата CPAC во Вашингтон

-Обраќање на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) во Вашингтон, пишува во својата објава на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.…

February 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски потсети: Шекеринска сакаше со судска одлука да ја затвори ВМРО-ДПМНЕ и да ја прогласи за терористичка организација!

Вицепремиерот Александар Николоски на денешната седница за избор на нов Јавен обвинител потсети дека сегашната заменичка генерален секретарка на НАТО,…

March 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Протестот е демократско право, вели Меџити за најавениот собир во Скопје за поддршка на поранешните водачи на ОВК

Поранешниот прв вицепремиер и актуелен градоначалник на Чаир, Изет Меџити, кој е еден од лидерите во владејачката коалиција ВЛЕН, изјави…

December 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?