Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Фатен препишувач на полагањето матура, си го стопира времето зацела една година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Фатен препишувач на полагањето матура, си го стопира времето зацела една година
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Фатен препишувач на полагањето матура, си го стопира времето зацела една година

Објавено May 31, 2025 12:53
Сподели
Сподели

Петнаесет илјади матуранти денес полагаа испит по мајчин јазик, првиот од двата екстерни испити од државната матура. Дел од учениците во своите училишта, дел пак во амфитеатрите на најблиските факултети каде има соодветни услови за спроведување на процесот.

Посакувајќи им успех на сите матуранти, изразија очекувања дека годинава резултатите од матурата ќе бидат пообјективни од ланските.

„Подолго време траеја подготовките. Се разговараше со училишните раководства, набљудувачите и тестаторите и верувам дека ќе се заложат да не се случуваат ситуации како во минатото, кога цели групи ученици препишуваа, имаа идентични точни и неточни одговори, идентични есеи и така натаму. Потсетувам дека регулативата е затегната, особено за оние кои ќе биде утврдено дека прогледуваат низ прсти, нема да видат мобилен телефон во училницата, нема да забележат ливчиња, внесени учебници и така натаму. Верувам никој не сака негативни последици“, рече Јаневска.


Според министерката нема потреба учениците да се обидуваат да се надмудруваат со системот. Матура се полага само со повторување на материјалот што веќе го совладале во четиригодишното образование.


„Со малку труд се заокружува овој последен чин од средното образование. Фатен препишувач, си го стопира времето за цела една година, да не може да полага и да ја добие дипломата од која му зависи понатамошна едукација или вработување“, потенцираше министерката.

Директорката на Државниот испитен центар, Михајловска информираше дека од вкупниот број пријавени матуранти, 8816 ученици се од средните стручни училишта, 5966 од гимназиите и 222 од училиштата за уметничко образование. Вториот екстерен предмет кој е изборен во зависност од видот на средното образование на ученикот, се полага на 11 јуни. Новиот концепт на државна матура кој е предвиден со неодамна усвоените измени на Законот за средно образование, ќе се
примени следната учебна година. Истиот предвидува полагање на посебна државна матура за стручно, за гимназиско и за уметничко образование.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Професор Иван Саша Шихан: Македонија е пример за тоа како земјите во регионот можат да соработуваат со западните сили
Следна Статија Аларм во автомобилската индустрија, можно е да биде присилена да го запре производството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија доби хаубици БОРАН (ВИДЕО)

Турските влечни хаубици БОРАН со калибар од 105 мм минатата недела се испорачани во Македонија, а официјалната нивна промоција ќе…

June 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Пожарот во Чучер Сандево надвор од контрола

Пожарот на територијата на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, се уште е надвор од контрола, информира Центарот за…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бронзен медал за Македонија на Европската олимпијада по информатика за девојки која се одржува во Бон

Македонските ученички – информатичарки трета година по ред се оние коишто го најавуваат успешното учество за Македонија на меѓународните олимпијади…

July 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?