Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јанев: Секој обид за нарушување на изборниот процес ќе биде казнет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јанев: Секој обид за нарушување на изборниот процес ќе биде казнет
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Секој обид за нарушување на изборниот процес ќе биде казнет

Објавено October 17, 2025 15:54
Сподели
Сподели

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев оствари работен состанок со раководството на СВР Скопје

Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев, денеска оствари работен состанок со менаџментот на СВР Скопје, на кој детално беше разгледана безбедносната состојба на подрачјето на сите општини што се во надлежност на секторот.

Во рамки на состанокот беа анализирани сите мапирани потенцијално ризични локации поврзани со спроведувањето на оперативната акција „Локални избори 2025“, како и бројот на ангажирани полициски службеници, тактичките планови и конкретните мерки што се преземаат за целосна безбедност и сигурност на граѓаните.

Јанев истакна дека Скопскиот регион претставува еден од најголемите безбедносни предизвици, поради што значителен дел од полициските ресурси се насочени токму таму. Активностите ќе се спроведуваат со зголемено полициско присуство, преку статични пунктови, мобилни патроли и директна контрола во близина на избирачките места и на сите критични локации.

Дополнително, во функција ќе бидат ставени современи технолошки системи, вклучувајќи го системот „Safe City“ и воздушен надзор со дронови, со цел навремена детекција на можни закани и целосна заштита на јавниот ред и мир.

Беше испратена јасна порака дека секој обид за насилство, нарушување на изборниот процес или било какво криминално дејствување ќе биде спречен и санкциониран со брза и одлучна полициска реакција, без разлика на статус, функција или припадност на сторителот.

Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност остануваат посветени на обезбедување на мирни, безбедни и демократски избори, во целосна служба на граѓаните, законот и државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сообраќајка на патот Страцин-Кратово, возилата се движат наизменично по една лента
Следна Статија Одобрено во целост обвинението против сопственикот на обезбедувањето РУБИКОН

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Херојот од Чучер-Сандево, младиот волонтер Иван Кукуновски е во стабилна состојба

Младиот волонтер Иван Кукуновски е во стабилна состојба и е згрижен на Клиниката за токсикологија во Скопје. Оваа информација ја…

July 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Гласањето на дијаспората треба да се разгледува заедно со една изборна единица

Прашањето за начинот на гласање на дијаспората треба да се разгледува заедно со можноста за воведување една изборна единица и…

January 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Скопје 6-ти најзагаден град во светот

Скопје утрово на шестото место по загаденост на воздухот во светот со индекс на загадување од 155, според последните податоците…

November 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Рокас: Вашата иднина е во ЕУ, сите напорно работиме за остварувањето на таа цел

Иднината на земјава е во Европската Унија и сите напорно работиме со цел тоа да се постигне, порача евроамбасадорот Михалис…

May 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?