Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јанкуловска со остра реплика до СДСМ: Според вашата реакција, изгледа предметите навистина се суделе во вашиот штаб
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јанкуловска со остра реплика до СДСМ: Според вашата реакција, изгледа предметите навистина се суделе во вашиот штаб
МАКЕДОНИЈА

Јанкуловска со остра реплика до СДСМ: Според вашата реакција, изгледа предметите навистина се суделе во вашиот штаб

Објавено November 29, 2025 13:43
Сподели
Сподели

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, остро реагираше на партиската изјава на СДСМ, во која социјалдемократите ја обвинија дека се обидува да се претстави како жртва и ја поврзаа нејзината жалба до Европскиот суд за човекови права со „потсвесна врска со процесите против нацистите“.

Јанкуловска возврати дека не гледа зошто СДСМ би се чувствувале засегнати од нејзината апликација пред ЕСЧП, освен ако, како што напиша, „предметите навистина не се суделе кај нив во штаб“.

„Зошто СДСМ би се нашле засегнати и повикани за коментар за апликација пред ЕСЧП во која се бара да се утврди повреда на Правото на правично судење која ја сторила некоја “независна” судијка во некој предмет што се водел пред Кривичниот суд, небаре предметот се судел кај нив во штаб? Ама според реакцијава, изгледа сепак таму се судел“, напиша Јанкулоска.

Во реакцијата на СДСМ се наведува дека одлуката на Стразбур да ја прифати апликацијата е само формален чекор и не значи никаква оценка за суштината на случајот. Од партијата посочуваат дека судот во оваа фаза ги проверува само процесните услови – исцрпени правни лекови, навремена поднесена жалба, статус на жртва и компатибилност со Конвенцијата.

„Тоа е стандардна процедура според член 35 од Европската конвенција“, велат од СДСМ, додавајќи дека не е ниту етички ниту правно основано да се коментира материјалната суштина пред судот да влезе во анализа.

Полемиката доаѓа по јавно објавената информација дека Европскиот суд за човекови права ја прифатил апликацијата на Јанкуловска за наводно повредено право на правично судење, поднесена во врска со пресудата за „Тенк“, по која таа ја отслужи затворската казна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ахмети откри споменик на Скендербег во кичевско
Следна Статија Претежно облачно и суво време до вторник, дожд и снег од среда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Да ја истераме правдата заедно, порачаа родителите на загинатите во Кочани

Со паролите „Моето дете беше убиено од систем кој не штити туку убива“, „Колку детски животи треба да згаснат за…

November 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски – Ле Риголер: Унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Франција

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со заменик министерката Калтрина Зеколи Шаќири, денеска остварија работна средба…

June 12, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Скандалот со испитниот центар во МВР мириса на корупција, бараме истрага

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска обвини дека тендерот за организирање возачки испити во МВР е тежок скандал и „смрди…

August 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Каде новиот предлог-закон предвидува целосна забрана за пушење?!

Владата подготви нов, значително построг антипушачки закон со кој се предвидува целосна забрана за пушење во кафулиња, ресторани, барови, како…

January 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?