Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јанкулоска: Европскиот суд за човекови права отвора сериозни прашања за судењето против мене
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јанкулоска: Европскиот суд за човекови права отвора сериозни прашања за судењето против мене
МАКЕДОНИЈА

Јанкулоска: Европскиот суд за човекови права отвора сериозни прашања за судењето против мене

Објавено November 24, 2025 11:33
Сподели
Сподели

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, вели дека Европскиот суд за човекови права во Стразбур отвора сериозни прапшања во однос на судењето во предметот за набавката на блиндираниот Мерцедес.

Таа кажа дека ова е потврда на, како што кажа, „целото беззаконие и бескрупулозност на инсталациите на претходната власт во правосудството“.

„Европскиот суд за човекови права денес објави дека отвара сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично судење во предметот против мене, за набавката на блиндирано возило за потребите на државата. Овие прашања не се само потврда на целото беззаконие и бескрупулозност на инсталациите на претходната власт во правосудството во однос на мене лично, туку и потврда дека токму тие инсталации беа најмоќната алатка за остварување на целите на таа влада. Иако поминаа скоро 5 години од поднесувањето на апликацијата пред ЕСЧП, а јас издржав неправедна драконска казна и штетата која ја претепев на приватен и професионален план не може да се надомести, сепак сознанието дека од страна на ЕСЧП овие повреди се препознаени, за мене е една мала лична сатисфакција. Можеби конечно оние со 2% доверба ќе ја примат пораката дека не смеат да слугуваат на ничии интереси и агенди затоа што граѓаните ги плаќаат да ги штитат, а не да ги кршат нивните права. Госпоѓата која денес е на столбот на срамот, а која за своите злодела беше од страна на претходната власт дебело наградена со висока функција е пример дека судиската тога не е панцир што штити од општествен прекор. Се надевам дека конечно ќе има одговорност за сите сторени зла, но и ако тоа не се случи, немам дилема дека никој не може да му избега на судот на историјата“, напиша Јанкулоска на „Фејсбук“.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Астро Бот DualSense контролерот на најниската цена досега за Црн Петок
Следна Статија Спотифи олеснува префрлањето на плејлисти од други музички сервиси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ристоска: Се гледам како нов државен јавен обвинител

Обвинителката Ленче Ристоска, и покрај засилените политички реакции и јавни критики што ја следат нејзината кандидатура, изјави дека сериозно очекува…

February 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција, Тошковски најави зајакнување на капацитетите за безбедност во сообраќајот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски денес…

September 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муртезани: Уставни измени ќе има кога ќе бидеме сигурни дека нема да имаме потенцијално вето од Бугарија

Сериозно работиме за надминување на проблемот со нашите европски интеграции, а уставни измени ќе има кога ќе бидеме сигурни дека…

December 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Гаши излезе од болница

Претседателот на Собранието, Африм Гаши по краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и по спроведувањето на сите…

July 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?