Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јахоски може да излезе од Шутка само ако депонира 72.000.000 денари, вели обвинителството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Јахоски може да излезе од Шутка само ако депонира 72.000.000 денари, вели обвинителството
ХРОНИКА

Јахоски може да излезе од Шутка само ако депонира 72.000.000 денари, вели обвинителството

Објавено April 22, 2025 15:00
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се согласи на можноста за укинување на притворот за Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко Петрол“, но под услов – да плати милионски износ и да му бидат одредени строги мерки на претпазливост.

Јахоски, кој е осомничен за перење пари и стекнување противправна имотна корист во истрагата за набавка на токсичен мазут за ТЕЦ Неготино, понуди гаранција во недвижен имот во вредност од 60,6 милиони денари (околу 1 милион евра). Но, обвинителството побара дополнителен услов – тој да депонира и 72 милиони денари (околу 1,17 милиони евра) на посебна судска сметка.

„Предлогот за замена на мерката притвор со гаранција може да биде основан само доколку осомничениот покрај недвижноста, депонира и дополнителен износ на сметката на судот, кој одговара на вкупниот износ на противправно стекнатата имотна корист,“ информираат од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

Дополнително, јавниот обвинител побара и Јахоски да биде ставен под посебен надзор: да не го напушта живеалиштето, редовно да се јавува кај надлежно лице и да му се одземе патната исправа, со цел да се спречи бегство или влијание врз сведоци.

Од Обвинителството посочуваат дека во меѓувреме е обезбеден најголемиот дел од доказите, што значително го намалува ризикот Јахоски да ја попречува истрагата.

„Со вакви мерки ќе бидат исполнети условите за укинување на мерката притвор“, додаваат од ОЈО.

Крајната одлука дали сопственикот на „Пуцко Петрол“ ќе биде пуштен од притвор сега е во рацете на Кривичниот суд во Скопје, кој треба да се изјасни врз основа на мислењето на Обвинителството и понудената гаранција.

Јахоски е еден од 13-те осомничени во истрагата за тендерите за набавка на мазут вредни 167 милиони евра за ТЕЦ Неготино, која беше отворена во 2023 година. Меѓу останатите осомничени се и поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски (во бегство) и неколку други бизнисмени и поранешни функционери.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР: Прво ќе има јавна расправа за спроведување тендер за трет мобилен оператор
Следна Статија „Извини Зоки, морално (ли) беше“, културните работници протестираа поради Доцнењето на мартовската плата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Германски турист повреден при скок во Охридското Езеро

На 18.04.2025 околу 12 часот во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското езеро, кај „Канео“, забележано е…

April 19, 2025
ХРОНИКА

Почина Драги Гроздановски, порашен пратеник на ВМРО ДПМНЕ од Битола

Почина Драги Гроздановски поранешен пратеник од Битола. Гроздрановски е роден 1957 година во Битола. Завршил Правен факултет, беше пратеник од…

March 21, 2026
ХРОНИКА

Починал 39-годишен вработен во магацинот каде што работел

Вчера, во 17.49 часот во СВР Скопје било пријавено дека во магацин на приватна фирма во с.Чојлија, општина Петровец, бил…

August 20, 2025
ХРОНИКА

Палевски тврди: Само тројца учествувале во грабнувањето на Панче, а не четворица

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжи денеска во Основен Кривичен суд Скопје во фаза на доказна постапка. Во…

May 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?