Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ја гаѓал сопругата со вазна и ѝ се заканувал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Ја гаѓал сопругата со вазна и ѝ се заканувал
ХРОНИКА

Ја гаѓал сопругата со вазна и ѝ се заканувал

Објавено May 9, 2025 19:30
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за две кривични дела, Насилство од член 386 и Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик.

„Осомничениот на 5 мај ја загрозил сигурноста на својата сопруга, така што при вербална расправија пред нивните две малолетни деца почнал да ѝ се заканува, по што зел вазна со која фрлил кон оштетената. Не ја погодил, туку удрил во ѕидот, а оштетената исплашена за својата безбедност веднаш ги зела децата и заминала кај нејзината мајка. На 7 мај, осомничениот со своето возило го пресретнал патот на автомобил во кој била оштетената и уште едно лице, започнал да ги навредува и да им се заканува, а потоа со нога, тупаници и со предмети удирал повеќе пати во возилото. Со овие насилнички дејствија предизвикал чувство на несигурност и страв кај оштетените“, соопшти Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиште, обврска да се јавува повремено на одредено службено лице, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница, односно забрана за нејзино издавање, забрана на посетување на одредено место или подрачје, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти со оштетената.

Според КЗ, за делото Загрозување на сигурноста, доколку е сторено при семејно насилство, следува затворска казна од 3 месеци до 3 години. За делото Насилство е предвидена истата затворска казна, од 3 месеци, до 3 години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Човек со нож се закануваше по Широк Сокак, полицијата го уапси
Следна Статија Претседателот на Европскиот совет в четврток во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Се случуваше да нема терапија, но некои пациенти сепак ја добиваа, сведочеше медицинска сестра во случајот „Онкологија“

Медицинска сестра, која била одговорна за дневната болница на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, додека директор бил Нино Васев,…

September 16, 2025
ХРОНИКА

Приведен е струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, близок до кланот Заеви

Преку координирана акција на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, Министерството за финансии – Управата за финансиска…

June 9, 2025
ХРОНИКА

Од април до сега уапсени се 56 лица за предизвикување пожари

32 поднесени кривични пријави до сега во врска со пожари на отворен простор, лишени од слобода 56 лица. Министерството за…

September 23, 2025
ХРОНИКА

Велибор Манев во детали објасни како се случило грабнувањето на Жежовски: Палевски му испука куршум во слепоочницата на Панче!

Во Кривичниот суд продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со распит на обвинетите. Прв на листата…

March 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?