Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЈА ЗГАЗИЛ ФРОСИНА НА ЦРВEНО, ВОЗЕЛ ПИЈАН И БЕЗ ДОЗВОЛА 20-годишниот Васил Јованов се соочува со 20 години затвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > ЈА ЗГАЗИЛ ФРОСИНА НА ЦРВEНО, ВОЗЕЛ ПИЈАН И БЕЗ ДОЗВОЛА 20-годишниот Васил Јованов се соочува со 20 години затвор
ХРОНИКА

ЈА ЗГАЗИЛ ФРОСИНА НА ЦРВEНО, ВОЗЕЛ ПИЈАН И БЕЗ ДОЗВОЛА 20-годишниот Васил Јованов се соочува со 20 години затвор

Објавено March 28, 2025 15:03
Сподели
Сподели

По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Во рок од два месеци од трагичниот настан, надлежниот јавен обвинител ги прибра сите докази и вештачења кои укажуваат дека обвинетиот го сторил ова најтешко дело против безбедноста во сообраќајот за кое е запретена максимална затворска казна до 20 години.

Согласно доказите, на 29 јануари, 15 минути пред полноќ, обвинетиот, без воопшто да поседува возачка дозвола,  управувал патничко возило „Пежо 207“ сопственост на неговиот татко.

Не се придржувал кон прописите и со тоа свесно го довел во опасност животот на луѓето. Автомобилот го управувал под дејство на алкохол, односно со 0.80 промили алкохол во крв, но и со брзина на движење од 91 km/h што е речиси двојно поголема од дозволената.

Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата меѓу булеварот “Партизански одреди” и улицата “29-ти Ноември“ продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот кој сигнализирал забрана за минување и со предниот лев дел од возилото кое го управувал удрил во  телото на пешакот Фросина Кулакова, која поминувала на обележан пешачки премин и зелено светло за пешаци.

Од силата на ударот, оштетената се издигнала во воздух и удрила во семафор, поставен на разделното пешачко стојалиште, па се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на лице место.

Во конкретниот случај постојат околности што го оправдуваат стравот на опасност од бегство и основан страв дека ќе го повтори кривичното дело. Дополнително, имајќи ја предвид возраста на обвинетиот, објектот на заштита, сериозноста и тежината на кривичното дело и другите факти, јавниот обвинител процени дека се уште опстојуваат законските основи поради кои на обвинетиот му беше определена мерка притвор, па од Судот побара притворската мерка да биде продолжена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Откријте ги големите попусти на Bosch апарати во Premium Appliances – ве очекуваме на Орце Николов 202, Скопје – Кај Машински факултет!
Следна Статија Нестабилно со дожд, појава на грмежи и засилен ветер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Таткото на Вања: Бев зависник од хероин, но не сум употребувал шприцеви

Сум слушнал за Палчо, но како за Упа. Лично го немам видено. Не знаев ни како изгледа, се изјасни на…

April 11, 2025
ХРОНИКА

Струмичани украле 160 вреќи компир од камион сопственост на жител од тетовско

Полицијата сомничи четири лица од Струмица дека ноќта меѓу 28 и 29 ноември од паркиран камион „мерцедес“ со тетовски регистарски…

November 30, 2025
ХРОНИКА

Притвор од 8 дена за хирургот од Битола осомничен за поткуп

На барање на Јавното Обвинителство определен е притвор од осум дена за хиругот М. С. (64), вработен и на раководна…

January 30, 2025
ХРОНИКА

(Видео) Драчево бара лежечки полицајци на „Јустинијан Први“: Не утре, туку сега, пред да има мртви

Колку животи треба да се изгубат на улица „Јустинијан Први“ за конечно да се преземе нешто?Денеска повторно автомобил излета од…

July 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?