Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јовевски: Скратувањето на работното време е неизбежно во иднина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Јовевски: Скратувањето на работното време е неизбежно во иднина
ЕКОНОМИЈА

Јовевски: Скратувањето на работното време е неизбежно во иднина

Објавено December 12, 2025 09:53
Сподели
Сподели

Скратувањето на работното време е неизбежна иднина и неизбежна дебата што ќе следува и во Македонија токму поради дигитализацијата и вештачката интелигенцијата, укажува експертот за трудово право и професор на Правниот факултет во Скопје, д-р Лазар Јовевски, откако во компанија во државава првпат е воведена четиридневна работна недела како пилот проект.

Јовевски вели дека „дигитализацијата и вештачката интелигеција значат губење на работни места“ и оти скратувањето на работното време е дел од сценариото за превенција од големи отпуштања од работа. Укажува дека работодавачот е тој што го организира работното време и таквите постапка треба да се спроведуваат постепено и не во сите сектори бидејќи во некои не е изводливо.

Ако ги гледате европските земји, токму заради имплементацијата на работните места и воведувањето на дигиталната економија во рамки на производството се генерира вишок на работна сила. И затоа прв чекор кон социјален мир е намалување на работното време“, рече Јовевски, во гостување во емисијата „Да си кажеме“ на ТВ Телма.

Тој вели дека Законот за работни односи во државава дава убава можност со која работната седмица може да изнесува најмалку четири, а најмногу шест работни дена.

Коментирајќи го првото воведување на четиридневната работна недела во компанија во државава посочува дека со работа од по осум часа дневно, вкупно ќе се работи 32 часа неделно. Тоа, вели, е под стандардот што го пропишува ЗРО, што не е забрането, може да функционира и така. Саатницата ќе биде повисока ако се задржи истата плата.

Суштината на нашиот трудово правен систем е дека работодавачот е тој што го организира работното време. Никој во Македонија нема обврска да работи шест или пет часа. Може да работат и четири часа, ако така решат. Моќта на решавање во овој случај, не е кај работниците, не е кај синдикатот, ниту е кај Владата – кај оние кои креираат политки, туку е буквално кај работодавачите особено во бизнис секторот“, рече Јовевски.

Како што вели тој, во јавниот сектор нема специјални одредби кои се однесуваат директно на работното време. Исто така во овој случај се применува Законот за работни односи за вработените во јавниот сектор и тука може да се применуваат, да се модифицираат флексибилни форми и начини на распоредување и прераспоредување на работното време.

Јовевски, кој уште пред неколку години во научен труд предложил да се намали работното време во јавниот сектор во петок или среда за два часа, истакува дека клучен момент е колку ќе се задржи продуктивноста, која во државава е под европскиот просек.

Убаво е да бидеме просперитетна Македонија со достоинствени плати, убаво е и да се споредуваме но тоа не е секогаш добро затоа што имаме наши објективни параметри и култура. Треба да видиме што се случува со продуктивноста односно непродуктивноста во јавниот сектор, со секоја чест на исклучоците, има административни службеници кои работат не за еден туку за повеќемина. Треба да се види тој дел, дали политизацијата, дали превработеноста, дали некои други фактори влијаат на ниската продуктивност и незадоволството коишто доаѓаат до граѓаните“, вели Јовевски, посчувајќи дека радикалниоит рез за „сечење“ можеби е најбрзо, но не е наједноставното решение поради социјалниот импакт.

Според Јовевски, моментот дека ќе се работи помалку, а ќе се зема иста плата мотивира и дава ветер во едра за да се работи повредно.

Има бизниси или јавни сектори каде ова е возможно но некаде ќе биде предизвик ако се стави во закон. Доколку во јавниот сектор се спроведува ваков проект треба да се оди чекор по чекор со намалување на саатицата за да се проба и да се види дали ќе се зголеми продуктивноста. Просекот на ефективно работно време е помеѓу пет-шест работни часови“, укажува професор Јовевски.

Тој посочува и дека истовремено и менаџментот треба да работи на едукација, себеизградување и воспоставување повисоки стандарди во однос на тоа како треба да се организира работата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Азиските акции се подготвуваат да пораснат по намалувањето на каматните стапки од страна на ФЕД
Следна Статија Наградите за игри се поголеми од кога било, но не доаѓаат евтино

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

АЕК денеска треба да донесе одлука за избор на најповолен понудувач за трет мобилен оператор

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска треба да донесе одлука за избор на најповолен понудувач на тендерот за трет мобилен…

January 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Стабилноста на денарот останува цврста определба, банкарскиот систем е стабилен

Стабилноста на денарот нема и не смее да се доведе во прашање. Тоа е одамна затворено прашање“, порача гувернерот на…

June 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Увид во изградба на автопат Охрид-Кичево, Николоски и Трајановски на терен

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, денес…

November 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

Дурмиши:Турските инвестиции сочинуваат 38% од вкупните странски инвестиции во земјата

„Македонија има одлични услови за привлекување на странски инвестиции и во Слободните економски зони каде што големи поволности се предвидени…

December 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?