Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јошко Миленкоски е добитник на наградата за животно дело „8 Септември“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Јошко Миленкоски е добитник на наградата за животно дело „8 Септември“
СПОРТ

Јошко Миленкоски е добитник на наградата за животно дело „8 Септември“

Објавено September 5, 2025 11:37
Сподели
Сподели

Јошко Миленковски, Хамид Бакија, Зоран Николовски, Виктор Тевчев и Кирил Манев се годинашни добитници на државната награда „8 Септември“, со која се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во спортот за 2025 година.

Во една година може да се доделат најмногу до пет награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на државата.

Јошко Миленковски е добитник на наградата за животно дело за 2025 година, кој е награден за неговиот исклучителен придонес во развојот на спортот, како и за афирмацијата и промоцијата на државата на меѓународен план. Признанија за значајни спортски остварувања добија и Хамид Бакија, Зоран Николовски, Виктор Тевчев и Кирил Манев – спортисти, тренери и спортски работници кои оставиле силен белег во македонскиот спорт.

Министерот за спорт Борко Ристовски на доделувањето на наградата во Собранието рече дека оваа награда е заслужена и има тежина и вредност. Им честита на сите добитници и истакна дека таа е пример за тоа како треба да се претставува спортот, да се промовираат вистински вредности и да биде мотив и за другите.

Тој му ја врачи наградата за животно дело на проф. Д-р Јошко Миленкоски, чиј професионален и научен пат е синоним за афирмација на македонскиот спорт. Тој е истакнат македонски одбојкар, долгогодишен одбојкарски тренер, актуелен селектор на македонската одбојкарска репрезентација и тренер.

Миленкоски се заблагодари за наградата и рече дека годинава слави јубилеј 50 години во одбојката, без ниту еден ден пауза.

– Мојот живот беше и останува посветен на одбојката. Вложив многу труд и љубов, потенцира Миленкоски.

Наградите ги доделува Одборот за државната награда „8 Септември“, кој традиционално ја организира оваа манифестација во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поднесено е обвинение против сопственикот на агенцијата која ја обезбедуваше кочанската дискотека „Пулс“
Следна Статија СДСМ: Неетички чин на министерот Филков, судир на интереси или кражба на труд?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Договорено: Елмас се враќа во Наполи

Елиф Елмас по 18 месеци се враќа во Наполи. Трансфер инсајдерот, Фабрицио Романо, објави дека Наполи и Лајпциг ги договориле…

August 29, 2025
СПОРТ

Леклер најбрз во Остин, Ферстапен го зголеми водството

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, е победник на трката за Големата награда на САД што се возеше во Остин, откако…

October 21, 2024
СПОРТ

Бекам: Меси сака да се врати во Европа

Сопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам, изјави дека разговарал со својата голема ѕвезда Лионел Меси за неговите планови по завршувањето…

January 26, 2025
СПОРТ

Јовиќ го чекаа во Овиедо тој се сели во Атина

Лука Јовиќ (27) го напушти Милан откако му истече договорот и по долго размислување реши каде ќе ја продолжи кариерата.…

August 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?