Фудбалерот на Галатасарај, Виктор Осимен, ги искажа впечатоците по синоќешниот натпревар (2:3) со Јувентус во реваншот од плејофот на Лигата на шампионите и пласманот во осминафиналето.
-Знаев дека ќе биде вака вечерва – го познавам овој тим и атмосферата на овој стадион. Знаев дека ќе биде тешко, дека навивачите на Јувентус ќе ни го направат животот кошмар. Благодарност и до навивачите на Галатасарај. Јас ги слушнав и не сакавме да си одат дома разочарани. Моравме да го направиме ова, но искрено, сè уште имаме многу да подобриме во нашата игра, изјави Осимен за веб-страница на УЕФА.
Галатасарај го доби првиот натпревар со 5:2, пласирајќи се во осминафиналето на Лигата на шампионите, каде што ќе се соочат или со Ливерпул или со Тотенхем.
Ждрепката ќе се одржи утре во седиштето на УЕФА во Нион