Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Љутков: Македонскиот јазик е нашата татковина, нашата вечност!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Љутков: Македонскиот јазик е нашата татковина, нашата вечност!
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Македонскиот јазик е нашата татковина, нашата вечност!

Објавено February 20, 2025 20:41
Сподели
Сподели

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Институтот за македонски јазик, честитајќи го Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, истакна дека македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку и темел на националниот идентитет, културата и историјата на македонскиот народ.

-Секој народ ја носи својата душа во зборот, во песната, во јазикот што го зборува и што му дава име на светот околу него. Нашата душа е македонска, а нашиот јазик е македонски – јазик на вековите, јазик на истрајноста, истакна министерот Љутков.

Тој нагласи дека мајчиниот јазик е она што нè поврзува со светот, со семејството и традицијата, темел на нашиот идентитет и чувар на нашето културно наследство. Ја спомена и важноста на зачувувањето и негувањето на македонскиот јазик како најголем аманет од нашите предци и како подарок за идните генерации.

-Македонскиот јазик е нашата татковина, нашиот дом и најголем аманет. Се брани со збор, со перо, со љубов, но и со гордост, рече министерот, повикувајќи ги сите да го слават и да го живеат македонскиот јазик со почит и љубов.

Љутков се осврна и на важноста на јазикот за националната самосвест и непрекинатиот развој на македонскиот народ, како и за неговата способност да ги пренесе емоциите, културата и историјата на идните генерации.

Според министерот, македонскиот јазик мора да продолжи да биде водилка за идните предизвици и премрежиња, и дека само така ќе продолжи да живее духот на народот.

-Секој народ ја носи својата душа во зборот, во песната, во јазикот што го зборува и што му дава име на светот околу него. Нашата душа е македонска, а нашиот јазик е македонски – јазик на вековите, јазик на истрајноста, јазик што ја вплел својата нишка во ткаенината на историјата, непрекинат, горделив и непокорен, рече Љутков.

Директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Јованова-Грујовска, истакна дека со денешниот настан Институтот го започнува одбележувањето на 80-годишнината од заокружувањето на македонскиот литературен јазик што се случи со објавувањето на македонската азбука и усвојувањето на македонскиот правопис во 1945 година.

-Почитувањето на различните култури и на различните јазици произлегува од многувековната борба за слобода и за признавање на македонскиот јазик заедно со македонската држава. Затоа почитувањето на сопствените корени, традиции и народната мудрост, мора да се преточи во завештание за идните генерации со порака за толеранција, прифаќање и респект кон различностите, рече Јованова-Грујовска.

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик се одбележува на 21 февруари, прогласен од УНЕСКО на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Европската комисија реагираше на изјавите на Трамп: Украина е демократија, Русија не е
Следна Статија Мицкоски се обрати во Атлантскиот совет во Вашингтон: Посветени сме на заштитата на националните интереси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Наставниците се ослободуваат од непотребни административни обврски

Во време на забрзана дигитализација на образованието и воопшто на општеството, нема потреба наставниците да пополнуваат едни исти податоци на…

June 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ле Риголер: Реформите треба да се спроведат не заради ЕУ, туку затоа што тоа е добро за земјата

Реформите не треба да се сметаат како обврска што треба да се исполни затоа што Европската Унија го бара тоа,…

September 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Да се воведат механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за остварување на колективната и заедничка цел

Премиерот Христијан Мицкски денеска се обрати пред членовите на постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО каде истакна дека ова…

April 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Вилите на претседателот и на премиерот во Скопје и во Охрид сега имаат имотен лист

Кога ја презедов институцијата, ја почнавме легализацијата на државниот имот, а денес имаме имотен лист за вилите на претседателот и…

February 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?