Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Љутков: Отворањето на Универзална сала треба да биде до крајот на 2027, за изградбата обезбедени 20 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Љутков: Отворањето на Универзална сала треба да биде до крајот на 2027, за изградбата обезбедени 20 милиони евра
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Отворањето на Универзална сала треба да биде до крајот на 2027, за изградбата обезбедени 20 милиони евра

Објавено August 19, 2025 14:02
Сподели
Сподели

Изградбата на Универзална сала ќе биде во една фаза, за тоа се обезбедени се 20 милиони евра и се очекува нејзино отворање до крајот на 2027 година, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, одговарајќи на новинарски прашања при посета на локалитетот Скупи.

-Како што најавив уште на почетокот на моето министерување, некаде околу средината на јули лани кога ја имав првата изјава во однос на Универзална сала, кажав нема да го ставам мојот потпис се додека не беше ситуацијата таму чиста. Во овој период добив насоки од Влада значи побаравме мислења како треба да постапиме за да можеме да ги расчистиме сите правни недоследности, а верувајте ги имаше многу. И мислам дека резултираше на крај со една кривична пријава на претходната министерка. Сега сите работи се расчистени и го распишавме тендерот со тоа што овојпат нема да биде во две фази, или во три фази како што беше претходно. Универзална сала ќе биде во една фаза, а тоа е клуч на рака, рече Љутков.

Појасни дека во претходниот проект не биле опфатени ниту последиците од опожарувањето, ниту бил опфатен ентериерот и партерното уредување.

-Сега она што беше побарано и од Град Скопје да се исклучат комплетно од целиот овој процес, целиот товар да падне врз Министерство за култура и туризам, тоа го направивме, во соработка со Град Скопје, со Министерството за транспорт и во соработка со Општина Центар. Сите работи ги расчистивме се усогласивме законски и ја распишавме повеќегодишната јавна набавка. Што значи дека ќе биде финансирана некаде од 15 септември, ако биде се во ред со јавната набавка ќе почнеме со градба и ќе биде финансирана 2025, 2026, 2027 треба да заврши до крајот на годината и ќе останат уште одредени средства коишто ќе треба да се исплатат во 2028 година. Отворањето би требало да биде кон крајот на 2027, во зависност од динамиката на изведувачите, истакна Љутков.

Рече дека е помината и одлуката на Влада и обезбедени се средства во износ од околу 20 милиони евра до крајот на 2027 година.

-Сите комплетно инеренции ги имаме преземено. Значи Министерство за култура и туризам сега е директно одговорно за изградбата на Универзала сала, додаде Љутков.

Одговарајќи на новинарски прашања за реставрацијата на Калето, тој рече дека и за тоа се обезбедени средства, со цел да може музеите да бидат отворени за посетители.

-Лани во септември месец ја видовме целата состојба каква е. Двата музеи коишто ги имаме од праисторија и од Отоманскиот период, значи тие два музеи беа готови во 2013, за да во 2014 година да се пуштат во употреба, но поради тоа што се случи во тој период, претходната Влада не успеа за седум години да ги отвори, напротив, дури и ги девастираше двата музеи. Така да, ние направивме комплетен увид на целата ситуација заедно со Управата за заштита на културно наследство и со ребаланс на буџет се обезбедени осум милиони денари коишто ќе бидат потрошени до крајот на годината за да може конечно двата музеи, просторот, да бидат отворени за посетители, појасни Љутков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Аргентинците го најавија последното танго на Меси на 4 септември
Следна Статија КАЈ БИ НИ БИЛ КРАЈОТ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје маршира за женски права: „Нека јадат ружи!“

Со извикување во еден глас „Жени, живот, слобода“ пред Универзалната сала во Скопје започна Маршот за женски права организиран од…

March 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство утре пред Собранието

Собранието утре во рамки на 54. седница треба да го разгледа владиниот предлог Азир Алиу да биде министер за здравство.…

June 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија ги исполнува реформските процеси и ја развива регионалната соработка: Вицепремиерот Николоски на средба со Медлин Нокс

Македонија ги исполнува реформските процеси и дава сериозен придонес кон регионалниот развој, потенцираше вицепремиерот Александар Николоски на средбата со Медлин…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Силјановска-Давкова: Убаво е да знаете дека стоите на чело на Армија, којашто е почитувана, компатибилна со останатите, иако е мала

Многу пати сум рекла дека мирот и нашата безбедност, во најголем степен зависат од нашите вооружени сили. Убаво е да…

January 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?