Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Њујорк тајмс“ објави рецензија за „Силјан“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > „Њујорк тајмс“ објави рецензија за „Силјан“
ЗАБАВА

„Њујорк тајмс“ објави рецензија за „Силјан“

Објавено November 29, 2025 15:08
Сподели
Сподели

„Њујорк тајмс“ објави рецензија за документарниот филм „Приказната за Силјан“ (The Tale of Silyan) на македонската режисерка Тамара Котевска, оценувајќи го како лирично и необично остварување што ја спојува документаристиката со елементи на магичен реализам.

Во текстот со наслов „In ‘The Tale of Silyan,’ the Storks Are Watching“ (Во „Приказната за Силјан“, штрковите гледаат), авторката Алисa Вилкинсон пишува дека филмот претставува спој од документарец за природата, социјална приказна и бајка, при што присуството на штрковите му дава „вонсветовна атмосфера“ на приказот на едно село во изумирање во Македонија.

Рецензијата прави и јасна паралела со „Медена земја“, филмот на Котевска од 2019 година, кој доби историски номинации за Оскар. Весникот наведува дека и новиот филм ја продолжува истата тематска линија – врската меѓу традиционалното земјоделство, климатските промени и миграцијата – но во „The Tale of Silyan“ таа ескалира во помистична и подивa визуелна форма.

„Филмот на Котевска од 2019 година, „Медена земја“, првиот што доби номинации за Оскар и во меѓународната и во документарната категорија, исто така, ги разгледа начините на кои промените во животната средина, традиционалното земјоделство и миграцијата беа испреплетени во рурална Македонија. Тој филм имаше сонувачки квалитет што се пренесува и на „Приказната за Силјан“, но овој има чудна дивост, благодарение на присуството на штрковите. Тие изгледаат како уште еден збир жители во селото, особено затоа што човечката популација се чини дека постојано се намалува. Штрковите постојано гледаат, како духови, со нивните издолжени пропорции и вратови што можат целосно да се свиткаат наназад.“, пишува Вилкинсон.

„Њујорк Тајмс“ посебно ги истакнува интимните сцени, како моментите кога Никола се грижи за повреден штрк во својот дом, но и широките визуелни кадри што го прикажуваат селото како простор што тивко исчезнува. Според весникот, токму легендата вткаена во филмот ја засилува неговата вистинитост – бидејќи приказните за заминувањето и враќањето на младите луѓе се повторуваат со генерации, а штрковите, симболично, секогаш биле таму да го набљудуваат тој циклус.

Вчера во IFC Center во Њујорк се одржа американската премиера на „Приказната за Силјан“.

Њујоршката премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“ успешно се одржа во IFC Center.

Овој значаен настан, покрај поддршката од дистрибутерот и продукцијата, беше реализиран и со поддршка од Агенцијата за филм во рамки на кампањата за промоција на филмот пред оскаровските номинации, во клучен период и пред релевантната американска публика.

Публиката со огромен интерес ја проследи проекцијата, а веднаш потоа следеше разговор со авторите. Режисерката Тамара Котевска и кинематограферот Жан Дакар лично присуствуваа и се обратија пред присутните.

Реакциите беа исклучително позитивни. Публиката беше видливо воодушевена од искреноста на приказната, визуелната поетика и автентичноста која филмот ја носи. Присутни беа и бројни претставници од македонската заедница во Њујорк кои гордо го проследија овој важен момент.

Со оваа проекција, „Приказната за Силјан“ го направи својот најзначаен чекор во американската кампања, продолжувајќи да го гради патот кон потенцијална двојна оскаровска номинација — и како македонски кандидат за најдобар странски филм, и преку пријавата на National Geographic Documentary Films за најдобар документарен филм, соопштија од Агенцијата за филм.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Папата Лав Четиринаесетти ја посети Сината џамија во Истанбул
Следна Статија Дете нападнато од родител на соученик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Меркур влегува во Стрелец! Три хороскопски знаци кои можат да го променат светот од 29 октомври

Меркур во Стрелец носи проширување на мислата, оптимизам и потреба да се зборува отворено, искрено и со визија. Умот станува…

October 24, 2025
ЗАБАВА

Уапсени три лица поради смртта на Лиам Пејн

Аргентинската полиција уапси три лица поради смртта на поранешниот член на One Direction, Лиам Пејн. Според извештаите на ABC World…

November 8, 2024
ЗАБАВА

Тејлор Свифт ја исвиркаа на „Супер Болот“, Трамп и фаќаше сеир

Тејлор Свифт се појави на Супербоул финалето во американски фудбал, како поддршка за своето момче Тревис Келце – играч на…

February 10, 2025
ЗАБАВА

Ќе ги погоди среќа: Овие 3 хороскопски знаци одеднаш ќе добијат пари или подобра работа до 15 јуни!

Според астролозите, следниот период е особено среќен за трите знаци на Зодијакот и ќе привлече она што им е потребно.…

June 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?