Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќерката на Гоце Тодоровски: „Пола век го делеше со народот, а денес живее од 36.000 денари пензија – милостиња за легенда“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќерката на Гоце Тодоровски: „Пола век го делеше со народот, а денес живее од 36.000 денари пензија – милостиња за легенда“
МАКЕДОНИЈА

Ќерката на Гоце Тодоровски: „Пола век го делеше со народот, а денес живее од 36.000 денари пензија – милостиња за легенда“

Објавено July 20, 2025 11:23
Сподели
Сподели

Сашенка Тодоровска, ќерката на еден од најголемите македонски актери – Гоце Тодоровски, со потресна објава ја разбуди јавноста и ја посочи суровата реалност во која живее нејзиниот татко – доајен на театарската уметност, кој, и покрај пет децении посветеност на културата, денес преживува со пензија од само 36.000 денари.

„Легендо моја и на целиот македонски народ…“ – започна таа, споделувајќи фотографија од младоста на актерот, а потоа го разоткри лицемерието на институциите што со години делат признанија, но не и вистинска поддршка.

„Национална пензија не му дадоа. Само признанија и наградички – колекционер на хартија стана,“ пишува таа, посочувајќи дека нејзиниот татко, член на некогашната „Златна плејада“ на македонскиот театар, останал без институционално признание и поддршка од државата.

Во својот емотивен статус, таа прашува: „Зарем судбината на вакви луѓе треба да зависи од тоа кој е на власт? Кој седи во комисија? Срамота е.“

И покрај здравствените проблеми, Гоце Тодоровски, вели таа, сè уште неуморно се дава, сè уште е присутен и активен во културниот живот, но – незабележан од оние што одлучуваат.

Сашенка остро предупредува и за поширокиот општествен проблем – исчезнувањето на вистинските вредности: „Сè што е квалитетно – веќе нема вредност.“

Нејзиниот апел доаѓа во момент кога сè повеќе уметници и јавноста бараат итна ревизија на критериумите за национални пензии, кои, наместо да бидат симбол на благодарност и признание, сè почесто се претвораат во алатка на селективна правда.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Инцидент во Косово: По расправија за паркинг, се врати со калашников и испука рафал пред фирма
Следна Статија Ликвидиран припадник на Шкаљарскиот клан во Подгорица – убиен со осум куршуми во кафуле

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Завршени вештачењата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и за Онкологија

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека се завршени вештачењата за предметите поврзани со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Заврши 17-от„Марш на ангелите“ во Кочани

Заврши 17-от Марш на ангелите во Кочани кој денеска повторно се одржа откако минатата сабота паузираше поради верскиот и државен…

August 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Еве каде може да донирате помош за настраданите од поплавите во БИХ

Интензивните врнежи од дожд, кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, одземајќи човечки животи…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Ќе ја посетам меморијалната поставка посветена на Петре М. Андреевски, чувствувам одговорност да реагирам и делувам

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во врска со текстот што професорот Венко Андоновски го објави на социјалните мрежи:…

August 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?