Проктер и Гембл планира да намали до 7.000 работни места, или околу 6 проценти од својата глобална работна сила, во следните две години, бидејќи производителот на детергентот Tide и пелените Pampers се соочува со дополнителни трошоци од царините и потрошувачите кои се сè повеќе загрижени за состојбата на економијата.
Веста беше објавена на Конференцијата за потрошувачи на Дојче Банк во Париз, а главниот финансиски директор на компанијата, Андре Шултен, рече дека отпуштањата вклучуваат околу 15 проценти од моменталната административна (непроизводствена) работна сила.
Оваа програма за реструктуирање е важен чекор кон обезбедување на способноста за исполнување на нашите долгорочни цели во следните две до три години – рече Шултен. „Сепак, тоа не ги отстранува предизвиците со кои се соочуваме во моментов – додаде тој.
Компанијата со седиште во Синсинати, имаше околу 108.000 вработени низ целиот свет во јуни 2024 година.
Отпуштањата се дел од поширока програма за реструктуирање.
Компанијата, исто така, објави дека ќе престане да продава одредени производи на одредени пазари, а повеќе детали ќе бидат објавени во јули, пренесува Euronews.
Проктер и Гембл е позната американска компанија позната по производството на пелени Pampers, но и детергенти како Ariel и Tide, кои се исклучително популарни на голем број пазари. Во нивното портфолио има и бројни други брендови од областа на лична хигиена, нега на домаќинството и козметика, како што се Gillette, Head & Shoulders и влошки Always, многумина ќе бидат изненадени, но нивниот бренд е исто така Mister Proper и Blend, паста за заби со мед. Нивните производи се присутни низ целиот свет, што ги прави еден од најголемите светски играчи во индустријата за стоки за широка потрошувачка.