Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе има ли “Памперс“: Компанијата ќе престане да продава дел од производите, а отпушта и 7 000 работници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Ќе има ли “Памперс“: Компанијата ќе престане да продава дел од производите, а отпушта и 7 000 работници
Blog

Ќе има ли “Памперс“: Компанијата ќе престане да продава дел од производите, а отпушта и 7 000 работници

Објавено June 5, 2025 19:27
Сподели
Сподели

Проктер и Гембл планира да намали до 7.000 работни места, или околу 6 проценти од својата глобална работна сила, во следните две години, бидејќи производителот на детергентот Tide и пелените Pampers се соочува со дополнителни трошоци од царините и потрошувачите кои се сè повеќе загрижени за состојбата на економијата.

Веста беше објавена на Конференцијата за потрошувачи на Дојче Банк во Париз, а главниот финансиски директор на компанијата, Андре Шултен, рече дека отпуштањата вклучуваат околу 15 проценти од моменталната административна (непроизводствена) работна сила.

Оваа програма за реструктуирање е важен чекор кон обезбедување на способноста за исполнување на нашите долгорочни цели во следните две до три години – рече Шултен. „Сепак, тоа не ги отстранува предизвиците со кои се соочуваме во моментов – додаде тој.

Компанијата со седиште во Синсинати, имаше околу 108.000 вработени низ целиот свет во јуни 2024 година.

Отпуштањата се дел од поширока програма за реструктуирање.

Компанијата, исто така, објави дека ќе престане да продава одредени производи на одредени пазари, а повеќе детали ќе бидат објавени во јули, пренесува Euronews.

Проктер и Гембл е позната американска компанија позната по производството на пелени Pampers, но и детергенти како Ariel и Tide, кои се исклучително популарни на голем број пазари. Во нивното портфолио има и бројни други брендови од областа на лична хигиена, нега на домаќинството и козметика, како што се Gillette, Head & Shoulders и влошки Always, многумина ќе бидат изненадени, но нивниот бренд е исто така Mister Proper и Blend, паста за заби со мед. Нивните производи се присутни низ целиот свет, што ги прави еден од најголемите светски играчи во индустријата за стоки за широка потрошувачка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Не знам дали сe уште ќе имам добри односи со Маск
Следна Статија Во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња – Мелис, Мира и Малахат во 31-та гестациска недела

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Доларот зајакна, цените на нафтата растат

На валутните пазари во петокот во раното претпладневно тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути порасна, што…

January 10, 2025
Blog

Кризата ја чинеше германската индустрија 100.000 работни места

Тековната економска криза ја чинеше германската индустрија повеќе од 100.000 работни места за една година, при што клучниот автомобилски сектор…

June 9, 2025
Blog

Има толку многу милијардери во САД што има недостиг од финансиски советници

Најновата студија спроведена во САД покажа дека поради зголемениот број милијардери во таа земја, може да има недостиг од дури…

May 19, 2025
Blog

Илон Маск го купува „Боинг“

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, го проширува своето портфолио на патувања во иднината, по вселената и „SpaceX“, компанијата „Tesla“…

November 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?