Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе нема предвремен зимски распуст поради загадениот воздух, порача Јаневска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе нема предвремен зимски распуст поради загадениот воздух, порача Јаневска
МАКЕДОНИЈА

Ќе нема предвремен зимски распуст поради загадениот воздух, порача Јаневска

Објавено December 23, 2025 14:08
Сподели
Сподели

Учениците ќе следат настава до крајот на месецов и потоа заминуваат на зимски распуст. Ќе нема порано распуштање поради загадувањето. Прашана дали поради загадениот воздух МОН размислува за предвремено завршување на првото полугодие од учебната 2025/2026, министерката Весна Јаневска денеска изјави дека остануваат уште малку денови до распустот.

Како што рече, во овој момент немаат информации дека нивното здравје е загрозено и дека не е проблем ако од здравствени причини отсуствуваат ден-два од настава. Но, додаде, треба да се напушти негативната појава од минатото кога од различни причини се скратувале учебните денови.

-Жал ми е што мора да направам груба споредба, но во некои европски земји децата и кога имаат грип, и во градинки и на училиште, одат на настава се додека нивното здравје не е загрозено. Ова го велам заради коментарите дека нашите деца многу учат и се оптоварени. Не, не се. Доколку здравјето им е во прашање, секако лекарите и родителите ќе одлучат за тоа, но доколку не е ништо сериозно, сметам дека и да отсуствуваат ден-два не е проблем. А би било проблем, како што во минатото се случуваше, да ги скратуваме учебните денови, учениците да отсуствуваат затоа што родителите ги носат на поевтин одмор, за да се подготват за писмена итн. Овие негативни појави полека ќе треба да почнеме да ги отстрануваме. Но, секогаш ќе одлучуваме во корист на нивното здравје. Во овој момент немаме информации дека нивното здравје е загрозено, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Економскиот факултет на УКИМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Главниот уредник на CBS Бари Вајс ја повлече приказната на ’60 Minutes’, предизвикувајќи реакции
Следна Статија (ВИДЕО) Отворено ново балистичко стрелиште за помодерна и поефикасна форензика

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Анел Фидоски избран за јавен обвинител на ОЈО Скопје, Бубевски отпадна

На денешната седница на Советот на јавни обвинители, обвинителот Анел Фидоски беше избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство…

January 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонското прашање не е затворено додека не се оставарат главните цели, полноправно членство во ЕУ

Претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на реакцијата на грчкото МНР дека…

January 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Облачно време со врнежи од дожд, магла во котлините

Времето денеска ќе биде облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40…

December 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски го посети првороденото бебе: Добредојде, Евгенија – ти си најубавиот почеток на новата година

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска го посети првороденото бебе на Клиниката за гинекологија. -Малата Евгенија е првото родено…

January 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?