Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе одекнат гајдите, зурлите, тапаните: Викендов ќе се одржи Фестивалот „Пеце Атанасовски“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Ќе одекнат гајдите, зурлите, тапаните: Викендов ќе се одржи Фестивалот „Пеце Атанасовски“
ЗАБАВА

Ќе одекнат гајдите, зурлите, тапаните: Викендов ќе се одржи Фестивалот „Пеце Атанасовски“

Објавено May 29, 2025 17:18
Сподели
Сподели

Викендов на Рудина, Долнени ќе одекнат гајдите, зурлите, тапаните, кавалите. По 51. пат ќе се одржи Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Богатиот изворен мелос ќе го претстават околу 300 учесници од сите делови на државата, а на Фестивалот и на Семинарот за изучување на народните инструменти, што е во рамките на манифестацијата, гостуваат членовите на оркестарот „Александар“ од Австрија кои го негуваат македонскиот изворен мелос.

– Може да се пофалиме дека годинава имаме многу нови групи, многу млади учесници и тоа што ќе го понудат во двата фестивалски дена ќе биде атрактивно и многу убаво, затоа што сите од регионите ги претставуваат културата, традицијата и богатото изворно творештво, рече на прес-конференција уметничкиот директор на Фестивалот, професор д-р Родна Величковска.

Деновиве, во прилепскиот ученички дом „Орде Чопела“ се одржува Семинарот за изучување на народни инструменти и песни.

– Овие денови со 20-тина млади работиме на изучувањето на традиционалниот изворен мелос. Интересот кај младите е голем, рече етнокореологот Стојанче Костов кој заедно со уметничкиот директор Родна Величковска, со етномузикологот Горанчо Ангелов и фолклористот Горан Василевски работат со младите.

Во рамки на фестивалот е и симпозиумот „Фолклорот во минатото и денес“. Ќе се одржи утре напладне во Центарот за култура „Марко Цепенков“ кога ќе биде претставен и Зборникот на трудови за истражувањето во фолклористиката. Пред симпозиумот, составен дел на фестивалот е и Ден на гајдата, особено што од декември минатата година гајдата и нејзината изработка се на листата на УНЕСКО како заштитено нематеријално културно наследство. Гајдата е поврзана и со фестивалот кој неслучајно се одржува во Долнени што се смета за лулка на гајдаџиството во земјава.

– Фестивалот е најстар од овој карактер, конкретно ја негува гајдата како инструмент. И не случајно се одржува во Долнени каде своевремено имало дури и 150 гајдаџии, од каде потекнува и универзалниот уметник со светски глас Пеце Атанасовски, а Фестивалот, или поконкретно, општина Долнени ја доделува и најголемата фестивалска награда – „Гајдата на Пеце“ за најдобар гајдаџија, истакна Горан Василески, претседател на фестивалот.

Фестивалот ќе заврши в недела со доделување на наградите на најдобрите изведувачи на народни инструменти и песни.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Да изгласаме закон за една изборна единица, но да ги вклучиме и граѓаните од дијаспората
Следна Статија „Лидл“ е во процес на воспоставување на соработка со македонски компании

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Мила Србиноска светски шампион во јуниорска категорија на Светското првенство за хип-хоп и стрит денс

Македонија продолжува да блеска во светот на танцот, а Мила Србиноска од клубот „Брејк А Лег“ е најновиот бисер на…

October 14, 2024
ЗАБАВА

Познат е идентитетот на купувачот на оригиналната Биркин чанта за 8,6 милиони евра (ФОТО)

Оригиналната чанта направена за актерката Џејн Биркин, која стана една од најпаметните дизајнерски креации на 20 век, беше продадена пред…

July 21, 2025
ЗАБАВА

Четири хороскопски знаци ќе имаат голема парична добивка до крајот на месецот

Влеговме во сезоната на Стрелец, а Плутон е во Водолија, така што положбата на планетите ќе одговара на одредени знаци…

November 23, 2024
ЗАБАВА

Три хороскопски знаци влегуваат во 9 години благосостојба

Овие три хороскопски знаци се придружени со небесни благослови и 9 години апсолутно изобилство и среќа до 2035 година! Универзумот…

January 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?