Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе поднесе ли Коцевски оставка?!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе поднесе ли Коцевски оставка?!
МАКЕДОНИЈА

Ќе поднесе ли Коцевски оставка?!

Објавено July 30, 2025 19:28
Сподели
Сподели

Политиката ја оставам на политичарите, имаме многу цврсти докази да ги добиеме на суд големите случаи како „Онкологија“, Пулс“ и „Крмзов“, вели државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за весникот Вечер.

– Не можев да ја следам целата дискусија во парламентот, овде во обвинителството имаме многу работа, особено по откривање на големите случаи каде што моравме да ангажираме и по неколкумина обвинители. Политиката ја оставам на политичарите и ќе употребам еден тежок збор, а тоа е пркос, пркос кон предметите за кои во моментов ве уверувам дека имаме многу цврсти докази да ги добиеме на суд: „Онкологија“ случај за кој и лично чувствувам обврска да го докажеме, потоа случајот со струмичкиот бизнисмен Крмзов, докажуваме криминал тежок 90 милиони евра, потоа убиствата причинети од криминалните пресметки и секако случајот за кој се обврзав пред семејствата дека ќе има правна завршница, а тоа е пожарот во дискотеката „Пулс“. Ние како обвинителство обезбедивме илјада докази за два ипол месеци срочени во обвинение за сторено кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“, сега зависи од судот за колку време случајот ќе има судска разрешница – изјави Коцевски во интревју за „Вечер.прес“ еден ден по интерпелацијата која помина во Парламентот, на прашањето дали ќе си поднесе оставка.

Прашан дали Обвинителството има индиции за изнесените сомневања од страна на министерот за внатрешни работи дека зад пожарите стојат организирани структури, и за обвинувањата од страна на ДЗС дека станува збор за подметнати шумски пожари, и оти речиси и да нема казнивост за шумските пожари, Коцевски вели дека не се согласува со ваквата констатација.

– Јавното обвинителство кривично го гони секое лице кое е идентификувано од органите надлежни за откривање и за кое се обезбедени докази дека намерно предизвикал пожар. Сепак, точно е дека идентификацијата на овие сторители не е лесна, особено кога пожарите се предизвикани во ненаселени подрачја, каде фреквенцијата на луѓе е мала и нема камери или други средства за надзор кои можат да помогнат во откривањето. Меѓутоа, и тука имаме одреден напредок, во смисла на средства и дејства кои им стојат на располагање на надлежните органи, така што бројот на вакви предмети се зголемува. Исто така, тенденција на кривичното законодавство е постојано зголемување на санкциите и на казнената политика за кривични дела со кои се загрозува животната средина. Затоа би ги предупредил сите кои имаат намера да се впуштат во вакви дејства со кои ги доведуваат во опасност не само екосистемот туку и животите и имотот на луѓето, дека ќе се соочат со најстроги казни. Главниот проблем е што колкави и да се казните, нема да можеме да ја надоместиме штетата која непоправливо се нанесува. Затоа, кога станува збор за пожарите, клучна е и превенцијата и јакнењето на свеста кај граѓаните за одговорен однос кон животната средина – вели Коцевски.

Тој посочува дека врз основа на документацијата доставена од градоначалничката на Скопје за дивоградбите во Чаир, согласно со индициите, оформени се два предмета – едниот е во ОЈО Скопје, а другиот во Обвинителството надлежно за гонење организиран криминал и корупција.

– И во двата предмета се постапува интензивно и се издадени детални наредби до Управата за финансиска полиција и до МВР за проверките што треба да ги направат. Не би можел да навлегувам во повеќе детали за конкретните дејства за да не ги загрозам предистражните постапки, но ќе се преземе сè што е потребно за да се истражат наводите во целост. Независно од ова, јавните обвинителства водат и други постапки за поединечни објекти – дивоградби и во Чаир и во други општини во државава. Некои од нив се во истрага, а некои и во судска постапка – појаснува државниот обвинител.

На прашањето како да се убедат граѓаните дека Обвинителството води сериозна борба против организираниот криминал и корупција кога главните осомничени во последните милионски кражби се во бегство, Коцевски уверува дека

– Од позиција на прв човек на Јавното обвинителство, одговорно тврдам дека граѓаните во Обвинителството имаат сојузник во борбата против сите кривични дела, а особено против организираниот криминал и корупцијата. Ниту едно од лицата што ги наведувате како „бегалци на правдата“ не е во бегство поради одговорност на Јавното обвинителство. Напротив, напредокот во нашата борба против овие сериозни облици на криминал е нотиран и во последниот извештај на Европската комисија за владеење на правото во нашата земја. Таму се истакнува Упатството за давање приоритет на предметите од областа на корупцијата кое го донесов и е задолжително за сите јавни обвинители, како и функционалноста на четирите истражни центри во обвинителствата во Скопје, Тетово, Куманово и ОЈОГОКК, кои сега работат со полн капацитет – наведува Коцевски.

Според него, и Европската комисија веќе препознала сериозен исчекор во борбата што Обвинителството ја води со корупцијата и покрај недоволните ресурси кои му се ставаат на располагање за таа намена.

Во коментар на Хрватскиот закон за ЈО кој најстрого забранува притисок врз обвинителите од лица од позиција на моќ на друга власт, Коцевски вели дека лично не дозволува никој да врши притсок врз него, а и колегите ги охрабрува да се отпорни и да го пријават секој обид за влијание. Но, тој, при тоа наведува дека искористувањето на медиумите и на јавноста воопшто за политички притисок врз правосудството не е исклучено и кај нас.

– Потенцирањето на оние фамозни 2% доверба во правосудството за кои никој не знае како се утврдени е токму со таква цел. Иако, ете на пример, во тек е нова анкета на Светската банка во која прелиминарните резултати веќе покажуваат многу поинакви бројки и која се надевам дека наскоро ќе биде и јавно презентирана. Моќта на медиумите и на социјалните мрежи за притисок врз правосудството не е занемарлива, а тоа веќе започнува да го користи и одбраната во дел од предметите, па обвинетите ангажираат и цели ПР-тимови за да се обидат да прикажат поинаква слика од реалната што се случува во судница и со тоа да влијаат на судската одлука. Затоа, од тој аспект, хрватското законско решение ми се чини логично – смета државниот обвинител Коцевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кремљ: Русија е имуна на најавените санкции на Трамп
Следна Статија Канада најави дека ќе ја признае Палестина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во Битола ќе се основа Факултет за медицински науки и здравство

Владата на 74 седница донесе и две важни одлуки од областа на образованието и тоа: Владата ја разгледа и усвои…

May 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се испумпува водата од Буковиќ и се чистат каналите за да се спречи ново излевање

По силните поројни дождови во општина Сарај, селата Буковиќ и Семениште беа погодени од поплави. Со механизација и активни екипи…

February 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

До 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската…

February 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова со велигденска честитка: Велигден нека ни донесе утеха, мудрост и хуманост

По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитка до верниците и поглаварите…

April 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?