Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се враќаат личните предмети на починатите и повредените од „Пулс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Ќе се враќаат личните предмети на починатите и повредените од „Пулс“
ХРОНИКА

Ќе се враќаат личните предмети на починатите и повредените од „Пулс“

Објавено March 2, 2026 11:05
Сподели
Сподели

Одделчението за внатреши работи Кочани информира дека врска со трагичниот настан – пожарот во Кабаре – Клуб „Пулс“ во Кочани, случен на 16 март 2025 година, од денеска (02.03.2026 година) започнува постапката за враќање на личните предмети пронајдени на местото на настанот.

-Се известуваат сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други лица – посетители за време на настанот, дека во периодот од 02.03.2026 (понеделник) до 06.03.2026 (петок), во времето од 09:00 до 18:00 часот, можат да се обратат во просториите на Одделението за внатрешни работи Кочани, на ул. „Тодосија Паунов“ бр. 12. Целта на посетата е идентификација и враќање на личните предмети кои биле пронајдени при увидот, а кои им припаѓаат на повредените и на починатите лица – информира ОВР Кочани.

Меѓу предметите што ќе се враќаат се мобилни телефони, паричници, накит, часовници, ташни, облека и обувки.

Враќањето ќе се врши по претходна идентификација од страна на сопствениците или од блиски членови на семејствата на починатите, наведуваат од ОВР Кочани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Samsung Uncommited to Another iPhone Air Rival or Trifold, COO Says – Bloomberg
Следна Статија Unlock the full potential of your Galaxy S26 with Spigen’s MagFit ecosystem – 9to5Google

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

11-годишниот ученик кој падна од највисокиот кат на училиштето во Прилеп е надвор од животна опасност

11-годишниот ученик од шесто одделение во Прилеп се наоѓа на лекување на Клиниката за детски болести во Скопје, откако вчера…

January 21, 2025
ХРОНИКА

Екс вработени во МВР добија кривични

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје,…

May 5, 2025
ХРОНИКА

Претепал дете во училиште во Кочани, па со нозе му влегол и на полицаец

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „насилство врз…

October 17, 2024
ХРОНИКА

Утре продолжуваат завршните зборови на Обвинителството за убиствата на Вања и Панче

Во Кривичниот суд утре продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Со завршните зборови ќе продолжат обвинителките…

June 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?