Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се гласа во декември: Адем Чучуљ предложен за претседател на ДКСК
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе се гласа во декември: Адем Чучуљ предложен за претседател на ДКСК
МАКЕДОНИЈА

Ќе се гласа во декември: Адем Чучуљ предложен за претседател на ДКСК

Објавено November 21, 2025 13:48
Сподели
Сподели

Адем Чучуљ, образован правник со завршен правосуден испит, ќе биде предложен од страна на Комисијата за прашања на изборите и именувањата до законодавниот дом за нов челник на Државната комисија за спречување корупција.

Комисијата за селекција на кандидатите за претседател на Антикорупциската комисија му додели највисоки оценки на Чучуљ, со што тој освои 96,5 бодови.

Чучуљ моментално ја врши функцијата генерален секретар на Државната комисија за спречување и корупција, каде што работи веќе 19 години.

Комисијата за прашања и избори и именување едногласно ја усвои одлуката до Собранието да му се препорача на Чучуљ да биде претседател на Антикорупциската комисија.

Според информации од Собранието, пленарната седница на која треба да се гласа за оваа предлог-одлука ќе се одржи на почетокот на декември.

Според Комисијата за селекција на кандидатите, Чучуљ покажал „значајно искуство во спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и јасна визија и конкретен план за работата и развојот на ДКСК“.

Конкурсот за аплицирање на кандидати за претседател на Антикорупциската комисија беше објавен уште летото, но процесот беше привремено сопрен заради локалните избори.

Од 13 кандидати кои аплицираа на конкурсот на Собранието за избор на нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), селектирани беа 10, а интервјуата со нив започнаа во вторникот.

Антикорупциската комисија ќе добие нов претседател на местото на Татјана Димитровска, која поднесе оставка откако беше обвинета во случајот „Адитив“ за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.

Според обвинението, таа на лице обвинето во случајот „Адитив“ му пренесувала информации од предмет кој за него се водел во Антикорупциската комисија.

Дополнително, таа одговара и за фалсификување на сертификат за државна тајна, бидејќи во нејзино име, друг го полагал електронскиот испит.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Реакции во светот на универзитетската кошарка по победата на Arizona над UConn
Следна Статија Кина со реакција до Милошоски за средбата со делегација на Тајван

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ле Риголер: Реформите треба да се спроведат не заради ЕУ, туку затоа што тоа е добро за земјата

Реформите не треба да се сметаат како обврска што треба да се исполни затоа што Европската Унија го бара тоа,…

September 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Лим падна сред патека на „Партизанска“

Скопјанка на социјалните мрежи алармира за небезбедноста на патека на најфрекфентниот булевар „Илинденска“. Таа, сподели за случка која се случила…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

33 години од усвојувањето на првото македонско државно знаме и химната на Македонија

На 11 август 1992 година со одлука на Собранието на Република Македонија беше усвоено првото македонско државно национално знаме. Ѕвезда…

August 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен од денес на турнеја низ Западен Балкан, во среда ќе пристигне во Скопје

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен денеска од Тирана ја почнува својата тридневна турнеја низ земјите од регионот…

October 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?