Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се носи одлука за избор на народен правобранител, ќе се распише и оглас за претседател на ДКСК
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе се носи одлука за избор на народен правобранител, ќе се распише и оглас за претседател на ДКСК
МАКЕДОНИЈА

Ќе се носи одлука за избор на народен правобранител, ќе се распише и оглас за претседател на ДКСК

Објавено July 31, 2025 08:42
Сподели
Сподели

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе распише јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК, по оставката на функцијата на Татјана Димитровска и ќе утврди предлог одлука за избор на Народен правобранител.

Изборот на нов претседател на ДКСК би можел да се поклопи со распишувањето на локалните избори на 8 август, а претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски за МИА вели дека ќе се бара мислење од ДКСК за пречекорување на овој датум. -Важно ни е да го почитуваме законот, но исто така сакаме ДКСК да има претседател бидејќи во октомври има локални избори, потенцира Сајкоски.

Комисијата треба да донесе предлог-одлука за избор на нов Народен правобранител, за огласот кој заврши во саботата, а се пријавиле 17 кандидати. Според информациите од собраниските служби, меѓу нив се актуелниот заменик правобранител Илбер Руфати, шефот на кабинет на претседателот на Собранието Дритон Небиу, Доан Сулејмановски, Мухамед Ходаи, Фатон Селами и други.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата утре е и Утврдување Предлог – одлука за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ и Разгледување барање за остварување право на плата по престанок на функцијата член на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Седница денеска ќе одржи и Комисијата за за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на која на дневен ред е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, во второ читање. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Канада најави дека ќе ја признае Палестина
Следна Статија Активни три пожари и еден под контрола од вкупно 28 регистрирани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Министерот за одбрана Мисајловски празнично ги награди хероите на Армијата по повод Илинден

Министерот за одбрана Владо Мисајловски по повод најголемиот македонски празник, положи цвеќе пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, место кое…

August 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против Фрчкоски – злоупотребил буџетски средства во САД

Поранешниот шеф на Шеф на Постојаната Мисија на Македонија при ООН во Њујорк, Љубомир Фрчкоски, заедно со уште три лица,…

May 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

22 денари за километар, поевтино од такси – прва услуга за користење електрични автомобили, car sharing AVANT2GO

Од денес во Скопје може да се изнајми електричен автомобил за 22 денари за километар додека вози и 5 денари…

May 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Водата во Скопје поскапе за 10%

Водата за пиење во Скопје од овој месец е поскапа за 10%. Кубен метар вода сега чини 35,02 денари, потврдија…

October 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?