Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се обноват погоните, а вработените ќе се вратат на работа, најавија од менаџментот на Макпрогрес Винчини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе се обноват погоните, а вработените ќе се вратат на работа, најавија од менаџментот на Макпрогрес Винчини
МАКЕДОНИЈА

Ќе се обноват погоните, а вработените ќе се вратат на работа, најавија од менаџментот на Макпрогрес Винчини

Објавено September 7, 2025 17:22
Сподели
Сподели

Изгорените производствени линии на фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес Винчини“ од Виница експресно ќе бидат обновени, а работа ќе се вратат сите вработени, изјавија од менаџментот на компанијата.

„Стихијата беше огромна и направи уште поголеми штети, но уште од денес работиме производството да се обнови итно. Дел од вработените ќе бидат ангажирани во преостанатите погони”, изјавија од менаџментот на „Макпрогрес Винчини“ за штипската ТВ Стар.

Пожарот е локализиран, но уште не е целосно изгасен.

„Јавен обвинител од Основното јано обвинителство (ОЈО) Кочани беше на терен, меѓутоа увидот уште не е започнат, затоа што пожарот не е во целост изгаснат и уште траат активностите за обезбедување на локацијата. Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот“, соопшти Обвинителството.

Во катастрофалниот пожар синоќа до темел изгореa три производствени погони, два магацини полни со стока и административниот дел од фабриката со вкупно 500 вработени. „Макпрогрес Винчини“ е најголемиот стопански објект во оваа општина, а засегнати од уништувањето на фабриката ќе бидат и соседните општини Кочани и Штип, бидејќи од таму нема само вработени туку и разни кооперанти кои ја снабдуваат фабриката со суровини за производите.

Според ТВ Стар, сопствениците велат дека штетата е милионска, а точната сума ќе се знае откако на лице место ќе излезат проценителите од осигурителните компании. Стопанската комора најави дека заедно со сопствениците ќе формира кризен штаб.

„Вчеравечер околу 19:20 часот, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески беше известeн од сопственикот на ‘Макпрогрес’ Виница, Глигор Цветанов, дека во фабриката има пожар. Веднаш беше алармирана Владата, премиерот, како и вицепремиерот и министер за транспорт, кои ги дадоа потребните наредби за спасување на целокупната фабрика, но и покрај интензивните активности, мора да се констатира дека три клучни погони се целосно уништетни. Комората презема активности за целосно нормализирање на состојбите“, се вели во соопштението од Стопанската комора.

Основана пред 35 години, „Макпрогрес Винчини“ е еден од водечките производители во кондиторско-пекарската индустрија во Македонија, 75% од производството е наменето за извоз, а производите се извезуваат во 55 држави, според вебсајтот на компанијата. Винчини е најголем извозник на кондиторски производи во државата, а извозот лани бил во вредност од 35,8 милиони евра.

Според вебсајтот на компанијата, групацијата „Макпрогрес“ е една од најголемите прехранбени компании на Балканот, со повеќе од 750 вработени. Покрај „Винчини“ уште пет популарни брендови се произведуваат во групацијата „Макпрогрес“, меѓу кои и „Сончева доолина“ за ориз, грав и пченка од Кочанско-Виничкиот Регион, „Натура“ за здрава храна, „Дониа“ од Прилеп за алва и локум и „Фантазија“ за десертни прашоци.

Вкупно осумнаесет лица се примени синоќа во кочанската Општа болница со повреди во пожарот во фабриката, дел се задржани во Кочани, дел од нив се препратени на клиниките во Скопје, но сите се во стабилна состојба. При неколкучасовна интервенција на многубројните противпожарни екипи, повредените пожарникари добиле изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните.

Министерството за здравство попладнево соопшти дека хоспитализирани се: една пожарникарка во Клиничката болница во Штип, четири пожарникари во Општата болница во Кочани, осум вработени во фабриката на Клиниката за Токсикологија во Скопје. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овој хороскопски знак најтешко се заљубува
Следна Статија Вечерва целосно затемнување на Месечината – познато и како „крвава Месечина- нема да се повтори сè до 2029 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Средношколец Милионер – вечерва се доделува наградата од еден милион денари

Големото финале на „Средношколец Милионер“, каде десет тима ќе ги претстават своите идеи за бизнис пред пет реални инвеститори се…

November 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Досега нема кривична пријава поврзана со „Конти“, граѓаните да внимаваат при вложување пари во вакви апликации

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска апелираше граѓаните да внимаваат со потенцијалните инвестиции во апликации и информира дека досега…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Авион на „Визер“ кој летал од Скопје до Париз итно слетал во Брисел поради здравствен проблем на патник

Авион на компанијата „Визер“ (Wizz Air), кој утрово летал на линијата Скопје до Париз, принудно бил пренасочен кон аеродромот во…

February 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Хајрулахи за Коцевски: Октроирана фигура која ќе се памети по служењето на криминална банда

Имајки ги предвид законските одредби кои го регулираат начинот на поставување на вршител на должноста раководител на јавно обвинителство, од…

February 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?